Наслов на наставниот предмет

Меѓународни           финансиски   и трговски институции и економскиот развој

Код

EDIF570

Наставник

Проф. д-р. Наталија Николовска

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

·         Да јa разбeрат улогата на наднационалните институции – ММФ, СБ, СТО – во современите глобални економски процеси; 

·         Критички да ги анализираат и да ги проценуваат влијанијата и интеракциите помеѓу глобалните, регионалните и националните фактори, стратегии и политики во  економскиот развој во земјите во развој;

·         Да ги разберат транснационалните компании и нивната улога како двигатели на  глобалниот економски развој и посебно во земјите во развој;  

·         Критички да го разгледуваат односот на глобалната економија versus регионалната економија преку осознавање на улогата на регионалните економски интеграции во глобалните економски процеси; 

·         Да ја дискутираат, критички оценуваат и проценуваат новата парадигма на глобалната економија во мултидимензионални аспекти на процеси и промени  во глобалниот општествено-економски поредок.

Содржина на предметната програма: 

·         Меѓународни финансиски институции и економскиот развој 

·         Меѓународни трговски институции и економскиот развој 

·         Транснационалчните корпорации како двигатели на современите развојни процеси

·         Регионални  економски интеграции, со посебен осврт врз Европската унија

·         Глобалната економија пред предизвиците на редефинирањето на финансиска и трговска архитектура

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.