Наслов на наставниот предмет

Организациско однесување

Код

MGT 518

Наставник

Проф. д-р- Љубомир Дракулевски

Доц.д-р Александра Јанеска -Илиев

Цели на предметната програма (компетенции): 

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

·           Разберат зошто во теоријата има различни концепти за однесувањето на луѓето во организацијата и зошто треба да се развива етичко однесување во организацијата;

·           Знаат да го одредат местото на луѓето  во организационата структура;

·           Го почитуваат и развиваат лидерството како многу значајна димензија на менаџерската професија и да станат вистински лидери за поединците и групите во организацијата;

·           Го поддржуваат и разбираат етичкото однесување на работните места и во меѓусебното комуницирање на луѓето како предуслов за зголемување на задоволството од работата и намалување на стресот;

·           Ја разберат и стимулираат мотивацијата во работата;

·           Знаат како се распоредува моќта во организацијата, зошто постојат и како треба да се организираат политичките процеси во неа;

·           Разберат зошто е важна организациската култура и нејзиното постојано унапредување;

·           Сфатат зошто акцептирањето на организационите промени и организацискиот развој се единствени начини за опстанок на организацијата во современите услови.

Содржина на предметната програма:

1.                            Вовед

2.                            Индивидуални процеси во организациите

3.                            Подобрување на перформансите на организациите

4.                            Меѓучовечки процеси во организациите

5.                            Организациони процеси и карактеристики

6.                            Интегрирање на поединците, групите и организациите

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.