Наслов на наставниот предмет | Развој на професионални вештини за вработување |
Код | SHR 530 |
Наставник | Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доц. д-р Никола Левков |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни да: · Да демонстрираат критичка свесност за најважните предизвици на менаџментот на човечки ресурси во блиска иднина; · Да ги идентификуваат клучните професионални компетенции на идните менаџери за човечки ресурси (експертиза за човечки ресурси, медијаторство и односи со вработените, менторство, лидерство и насочување, способност за работење во тимови и почитување и управување со различностите, добар бизнис познавач и партнер, одржување на мотивирана, ангажирана, креативна, иновативна и флексибилна работна средина и сл.); · Да го одржуваат својот флексибилен, адаптибилен и развоен потенцијал за успешно имплементирање на новите професионални вештини; · Да ја унапредуваат својата компетентност и конкурентноста на организацијата. | |
Содржина на предметната програма: · Изградба на тимови · Унапредување на мотивираноста и ангажираноста на вработените, · Потикнување на иновации, креативност и флексибилност во работењето, · Препознавање, привлекување и задржување на талентите во организацијата/тимот · Менторство и развој · Управување со конфликти · Управување со времето и ефективно водење на состаноци · Писмена комуникација · Преговарање и односи со вработени · Крос-културна комуникација · Примена на напредни информациски системи во менаџментот на човечките ресурси |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани