Сметководство за државни и непрофитни организации

Наслов на наставниот предмет

Сметководство за државни и непрофитни организации

Код

 522

Наставник

Проф. д-р-Зоран Миновски

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • Да ги осознаат клучните аспекти од сметководството за државни и непрофитни организации;
  • Да се фокусираат на подетално запознавање на законската и професионалната регулатива во финансиското известување во јавниот сектор;
  • Да стекнат сознанија за содржината на буџетското и фондовското сметководство, буџетскиот процес, мерењето на перформанси и финансиското известување;
  • Да се стекнат со знаења кои можат да им послужат како солидна основа во подготвка и доставување на финансиски извештаи за државни и непрофитни организации, нивна ревизија, како и способност за донесување одлуки;
  • Да се подготват и активно вклучат во национални и меѓународни истражувачки проекти од областа на сметководството и финансиското известување на државни и непрофитни организации.

Содржина на предметната програма: 

1.Сметководство на државни ентитети

2.Административен и бизнис вид на активности

3.Буџет, буџетирање и мерење на перформанси

4.Буџетско и фондовско сметководство

5.Финансиско известување во јавен сектор

5.1. Финансиско известување според МССЈС

5.2. Финансиско известување според систем на национални сметки

5.3. Финансиско известување според систем на владина финансиска статистика

6.Анализа навладини финансиски перформанси

7.Внатрешна контрола во јавен сектор

8.Непрофитни организации и нивни перформанси

9.Сметководство и финансиско известување на непрофитни организации

10.Ревизија на државни и непрофитни организации

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.