Наслов на наставниот предмет

Современи макроекономски концепции и политики

Код

EDIF520

Наставник

Проф. д-р Трајко Славески

Цели на предметната програма (компетенции):

1. Да се стекнат со продлабочени знаења за главните текови во современата макроекономска
наука и да дискутираат за нејзиниот развој и новите теоретски пробиви по Втората светска
војна.
2. Да се оспособат јасно да ги идентификуваат различните макроекономски концепции од
неокејзијанска и неолиберална провениенција и да го оценат начинот на кој тие го објаснуваат
функционирањето на економијата.
3. Да го разберат и проценат влијанието на различните макроекономски концепции врз
профилирањето на мерките на економската политика и да ја оценат суштината и природата
на самите мерки.
4. Да се оспособат да ги дикутираат макроекономските политики кои ги применуваат
современите национални економии, да ја препознаат нивната провениенција.

Содржина на предметната програма: 

1. Вовед
2. Микроекономски основи на макроекономските концепции и политики
3. Кејнзијанизмот и неокејнзијанизмот и макроекономските политики
4. Монетаризмот и макроекономските политики
5. Новата класична макроекономија и макроекономските политики
6. Теоријата на реалните деловни циклуси и макроекономските политики
7. Економијата на понудата и макроекономските политики
8. Теоријата на јавен избор и макроекономските политики
9. Новата кејнзијанска економија и макроекономските политики
10. Капацитетот на современите држави за дизајнирање и имплементација на економските
политики

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.