Наслов на наставниот предмет

Стратегиски менаџмент на човечки ресурси

Код

SHR 510

Наставник

Доц. д-р Љупчо Ефтимов

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни да:

  • го објаснат значењето и неопходноста на стратегискиот менаџмент во работење на денешните современи компании
  • ја поврзат функцијата на менаџмент на човечки ресурси со стратегиските цели на организацијата
  • да бидат способни да имплементираат соодветен модел на стратегиски менаџмент на човечки ресурси.

Содржина на предметната програма: 

  • Глобалните трендови во менаџментот на човечки ресурси
  • Разликата помеѓу менаџментот на човечки ресурси и стратегиски менаџмент на човечки ресурси
  • Концептот на стратегиски менаџмент на човечки ресурси
  • Анализа на работата
  • Планирање на човечки ресурси
  • Регрутација на човечки ресурси
  • Селекција на човечки ресурси
  • Обука на човечки ресурси
  • Развој на човечките ресурси преку „организација која учи“
  • Оценување на перформансите и ангажирање на вработените
  • Плаќање и наградување на човечките ресурси
  • Развој на кариерата и стратегија на талент менаџмент
  • Управување со стресни состојби во организацијата
  •  Управување на односите со вработените
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.