Стратегиско сметководство на менаџментот

Наслов на наставниот предмет

Стратегиско сметководство на менаџментот

Код

 512

Наставник

Проф. д-р Марина Трпеска

Цели на предметната програма (компетенции):

 По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • Да ја разберат стратегијата на компанијата и нејзината важност за исполнување на целите иносење деловни одлуки
  • Да ја применуваат верижната анализа при определувањето на цените
  • Да ги споредат варијабилниот и апсорпциониот метод за определување на трошоци како систем за известување за добивката и вреднување на залихите
  • Да ги објаснат потешкотиите и импликациите од примената на целна цена во производствените и услужните дејности
  • Да го имлементираат и интерпретираат методот за утврдување на цена на чинење врз основа на активности
  • Да го објаснат значењето на теоријата на ограничување
  • Да можат да ја разберат потребата од утврдување трансферни цени
  • Да ги разберат и имплементираат системите на сметководството на менаџментот за стратегиско планирање
  • Да го применуваат концептот на бенџмаркинг
  • Да ги осознаат и применуваат техниките на управување со целосен квалитет и реинжинеринг на деловните процеси
  • Да ги разберат и применат системите на сметководството на менаџментот за мерење на резултатите и контрола

Содржина на предметната програма: 

1.Стратегиското сметководство во функција на деловното одлучување;

2.Верижна анализа на вредноста за оценка на конкурентската предност;

3.Концепт на сметководство на животниот циклус на производот;

4.Трошочни системи за известување на добивката и вреднувањето на залихите;

5.Концепт на целната цена како стратешка определба;

6.Сметководството на активности во функција на определување на цена на чинење;

7.Теорија на ограничувања;

8.Стратегиско сметководство на менаџментот во функција на определување на трансферна цена (интерни цени);

9.Сметководство на менаџментот за стратегиско планирање;

10.Концептот на бенџмаркингот како најдобри практики;

11.Управување со целосен квалитет и реинжинеринг на деловни процеси;

12.Стратегија и рамка на урамнотежени перспективи, вклучувајќи финансиски и нефинансиски мерила (Balanced Scorecard).

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.