Наслов на наставниот предмет

Финансиски менаџмент

Код

MGT 513

Наставник

проф. д-р Сашо Арсов доц. д-р Александар Наумоски

Цели на предметната програма (компетенции): 

·         Да ja разбираат улогата на финансискиот менаџмент во компаниите и во процесот на создавање вредност за акционерите.

·         Да умеат да ги пресметуваат и толкуваат современите мерила на успешноста во работењето.

·         Да ги препознаваат импликациите на различните видови извори на финансирање врз структурата на капиталот на компанијата, пред се, од аспект на нивниот одраз врз корпоративното управување и односот на инвеститорите кон неа.

·         Да умеат да вршат селекција помеѓу различните деривативни инструменти за заштита од ризикот кај компаниите, познавајќи ги нивните карактеристики.

·         Да ги анализираат и интерпретираат последиците од одлуките за спојувања и преземања на компании.

Содржина на предметната програма: 

1.       Финансискиот менаџмент и корпоративното управување

2.       Современи мерила на резултатите од работењето

3.       Ризик и принос

4.       Долгорочно финансиско одлучување

5.       Управување со ризикот и финансиски деривативи

6.       Краткорочно финансиско одлучување

7.       Дивиденди и други распределби на акционерите

8.       Цена на капиталот

9.       Оптимализација на структурата на капиталот

10.   Спојувања и преземања

11.   Меѓународен финансиски менаџмент

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.