Наслов на наставниот предмет | Сметководство на менаџментот и контрола |
Код | CFM 518 |
Наставник | Доц. д-р Марина Трпеска |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни: · Да ја разберат стратегијата на компанијата и нејзината важност за исполнување на целите и носење деловни одлуки · Да ја применуваат верижната анализа при определувањето на цените · Да ги споредат варијабилниот и апсорпциониот метод за определување на трошоци како систем за известување за добивката и вреднување на залихите · Да ги објаснат потешкотиите и импликациите од примената на целна цена во производствените и услужните дејности · Да го имлементираат и интерпретираат методот за утврдување на цена на чинење врз основа на активности · Да го објаснат значењето на теоријата на ограничување · Да можат да ја разберат потребата од утврдување трансферни цени · Да ги разберат и имплементираат системите на сметководството на менаџментот за стратегиско планирање · Да го применуваат концептот на бенџмаркинг · Да ги осознаат и применуваат техниките на управување со целосен квалитет и реинжинеринг на деловните процеси · Да ги разберат и применат системите на сметководството на менаџментот за мерење на резултатите и контрола | |
Содржина на предметната програма: 1. Сметководство на менаментот во функција на деловното одлучување 2. Верижна анализа на вредноста за оценка на конкурентската предност 3. Концепт на сметководство на животниот циклус на производот 4. Сметководствено планирање и изготвување на главен буџет 5. Флексимибилни планови и контрола 6. Трошочни системи за известување на добивката и вреднувањето на залихите 7. Концепт на целната цена како стратешка определба 8. Сметководството на активности во функција на определување на цена на чинење 9. Теорија на ограничувања 10. Сметководството на менаџментот во функција на определување на трансферна цена (интерни цени) 11. Сметководство на менаџментот за стратегиско планирање 12. Концептот на бенџмаркингот како најдобри практики 13. Управување со целосен квалитет и реинжинеринг на деловни процеси 14. Стратегија и рамка на урамнотежени перспективи, вклучувајќи финансиски и нефинансиски мерила (Balanced Scorecard) |