Наслов на наставниот предмет | Спојувањa и аквизиции помеѓу компаниите |
Код | CFM 513 |
Наставник | Доц. д-р Даниела Мамучевска Проф. д-р Љубомир Дракулевски |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба: • да се стекнат со сеопфатна слика за процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите како форми на корпоративно преструктуирање • да бидат способни да ги разберат и одделните фази во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите • да ги применуваат моделите за вреднување и оценување на предлозите за спојување и аквизиции помеѓу компаниите • да се запознаат со процесот на управување при спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите | |
Содржина на предметната програма: 1. Воведни аспекти за спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите – Анализа на мотивите за спојување и аквизиции помеѓу компаниите – Трендови во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите – Пријателски versus непријателски превземања на компании – Хоризонтални спојувања, вертикални спојувања и конгломерати 2. Економски аспекти на процесот на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите – Анализа на структурата и пазарната конкуренција во индустријата – Стратегиските аспекти во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите – Организациските аспекти во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите – Финансиските аспекти во процесот на спојување и аквизиции помеѓу компаниите 3. Правните аспекти и контролата на процесот на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите Домашната правна рамка и контролата на спојување и аквизиции помеѓу компаниите – Правната рамка и контролата на спојување и аквизиции помеѓу компаниите во ЕУ – Правната рамка и контролата на спојување и аквизиции помеѓу компаниите во САД 4. Анализа на одделните фази на процесот на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите – Развој на бизнис план за спојување или аквизиција со друга компанија/компании – Истражување на потенцијалните таргет компании – Скрининг на избраната компанија – Воспоставување на контакт и процес на преговарање – Развој на план за спојување или аквизиција – Склучување на договорот за спојување или аквизиција 5. Модели за финансиско оценување на предлогот за спојување и аквизиција помеѓу компаниите 6. Заедничките вложувања (joint ventures) и стратегиските алијанси како алтернативи на спојувањето и аквизициите помеѓу компаниите 7. Прекугранични спојувања и аквизиции помеѓу компаниите (трендови, мотиви и фактори)
|