Факултетско студентско собрание

Факултетското студентско собрание при Економски факултет во Скопје, е собрание на претставници на студентите од прв, втор и трет циклус на студии, избрани на студентски избори од страна на студентите.

Факултетското студентско собрание се залага за застита на правата на студентите, нивно застапување и овозможување на подобра врска меѓу студентите и факултетот.

Начинот на работа, изборот на претставници и нивниот број, составот, надлежноста, називот и седиштето, органите и телата, финансирањето и други прашања, се уредени со Статутот на Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет – Скопје, кој е изгласан од сите претставници на собранието.

Повеќе информации за работата на ФСС имате на следниов ЛИНК

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.