Е-Бизнис – студиска програма 2017/2018

Дипломираниот економист од областа на е-бизнис се стекнува со продлабочени знаења од областа на информациските системи за деловно работење и е-бизнисот, како и со способности за примена на ова знаење во практиката.

СПЕЦИФИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ

Дипломираниот економист од областа на е-бизнис се оспособува за примена на техники за управување со ИКТ во претпријатијата, воведување на современи софтверски решенија за е-бизнис, подобрување на бизнис процесите, анализа на пазарите за специфични производи, новите начини на вмрежување на потрошувачитеи организациите, како и за управување со големиот обем на бизнис податоци.

Според тоа, работните места на кои овие кадриможат да се вработуваат се компаниите од приватниот и јавниот сектор, јавните установи и јавната управа, граѓанските здруженија и други институции.

Општи и специфични дескриптори на квалификацијата

Со усвојувањето на наставните содржини на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

Знаење и разбирање:

  • Покажување на знаење од областа на бизнис информациските системи, менаџментот со бизнис податоци, менаџментот на ИКТ, мрежните пазари и конкуренцијата. Ова знаењетреба да биде користено од страна на компаниите заради подржување на нивната дигитализацијата и бизнис стратегија.
  • Покажува знаење од областа на интернет маркетингот, системите за управување на односите со купувачите, комплексните мрежни комуникации, како и користење на социјалните медиуми во насока на остварување на бизнис стратегиите.
  • Знаење и вештини за дефинирање и анализирање на бизнис процесите, како и управување со нив во насока на подобрување на организациските перформанси и резултати во работењето на компанијата.
  • Демонстрира знаење за специфични софтверски алатки имплементирани во претпријатија, презентирајќи ги од теоретски и практичен аспект.

Примена на знаењето и разбирањето:

  • Ги применува теоретските познавања со помош на кои успешно развива на интернет маркетинг комуникациски план.
  • Самостојно комбинира и развива план за тоа како соодветни ИКТ можат да бидат користени од страна на компаниите за да ја подржат имплементацијата на е-бизнисот.
  • Ги применува теоретските принципи за имплементирање на софтверски алатки за деловно работење.

Способност за проценка:    

  • Покажува способност за анализа на е-бизнис процесите и идентификување на релевантните  информации,  неопходни  за  менаџирањето  со  овие процеси.
  • Покажува способност  за  идентификување  и  прибирање  на  релевантни примарни   и   секундарни   податоци,   неопходни   за   истражување   на      проблемите и ситуациите со кои се соочуваат компаниите во дигиталното окружување.
  • Демонстрира способност  за  анализа  и  интерпретација на добиените податоци и нивна примена во насока на унапредување на конкурентоста на претпријатијата во гло балното дигитално окружување.     

Комуникациски вештини:   

  • Покажува способност за тимска работа, иницира дискусии, но и активно го слуша соговорникот.
  • Успешно ги  применува  принципите  и  кодексите  на  професионалното деловно комуницирање.
  • Покажува способност за успешна презентација на добиените резултати од спроведените истражувачки проекти.
  • Поседува разбирање на психолошките процеси врз основа на кои се базира човековото однесување генерално, како и интеракциите со ИКТ.

Вештини на учење:

  • Поседува развиени вештини за учење – читање, меморирање, слушање, интерактивно учество, набљудување и анализа.
  • Демонстрира способност за критичка оцена на презентираните идеи, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача.
  • Ги препознава сопствените интереси во областа на е-бизнисот и успешно се стекнува со нови знаење и вештини.
Прва година задолжителни предмети
Р.бр.ШифраПредметЧасовиECTS
Зимски семестар:
1ECN 110Основи на економијата6+08
2MST 110Математика за економисти4+28
3АCC 110Основи на сметководство4+28
4INT 110Трговско право4+28
Летен семестар:
5MST 120Статистика за бизнис и економија4+28
6EBU 110Основи на е-бизнис4+28
Втора година задолжителни предмети
Зимски семестар:
1MGT 210Основи на менаџмент6+08
2МКТ 210Основи на маркетинг4+28
3EBU 210Дигитална економија4+28
Летен семестар:
4EBU 230Информациони технологии4+28
5EBU 220Интернет маркетинг4+28
Трета година задолжителни предмети
Зимски семестар:
1 EBU 310Бази на податоци за бизнис4+28
2МGT 390Финансиски менаџмент6+08
3EBU 320 Бизнис логистика4+28
Летен семестар:
4EBU 330Дизајн и развој на веб4+28
5EBU 340Менаџмент на бизнис процеси4+28
Четврта година задолжителни предмети
Зимски семестар:
1EBU 410ЕРП системи4+28
2EBU 430Системска анализа и дизајн на информациски системи4+28
Летен семестар:
3EBU 420Менаџмент на односи со потрошувачи4+28

ЗИМСКИ СЕМЕСТАР

ЛЕТЕН СЕМЕСТАР

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.