Управување во јавниот сектор – студиска програма 2017/2018

Последипломските студии се организирани во два семестри. Во текот на студиите треба да се положат 7 предмети за кои се организирани предавања, континуирано испитување и оценување, а потоа се изработува магистерски труд. Бројот на часовите за редовна и менторска настава се определува според бројот на пријавени студенти.

ЦЕЛИ

Цел на студиската програма е да им овозможи на студентите да се стекнат со современи и продлабочени знаења од областа на управувањето со јавниот сектор и администрацијата, анализа на политиките и релациите со другите сектори поврзани со јавниот сектор, како и со специфични вештини за примена на овие знаења во практика.

Со усвојувањето на сознанијата, од студентот се очекува да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини.

Знаење и разбирање:

  • да ги разбира и применува најновите сознанија за управувањето со јавниот сектор и развива креативен однос потребен за нивна ефикасна имплементација во практика;
  • да покажува знаење за структурирањето, функционирањето и развојот на јавниот сектор, како и за важноста на организационите промени како предуслов за повисоко ниво на ефикасност;
  • да ги познава неопходните вештини на менаџерите од јавниот сектор во функција на унапредување на квалитетот на јавните услуги;
  • да ги разбира двигателите и факторите на реформите во јавниот сектор;
  • да демонстрира знаења за потребата од унапредување на соработката и активното партнерство со деловниот сектор;

            Примена на знаењето и разбирањето:

  • подигнување на нивото на управување и раководење со јавниот сектор;
  • оспособување и усовршување стручни кадри способни за анализа и предвидување на идните тенденции и промени на економските фактори во јавниот сектор;
  • Примена на современи методи за поттикнување на локалниот економски развој.

            Способност за проценка:

  • способност за анализирање, синтетизирање и извлекување заклучоци за проучуваните состојби и појави и за изнаоѓање соодветни решенија;
  • развивање способности за тимска работа и комуникација применливи во различни ситуации;
  • способност за примена на современите истражувачки методи и техники.

            Комуникациски вештини:

  • способнос за комуницирање со идеи и за усогласување во тимска работа;
  • способеност за проценување и презентирање информации врз основа на добиените резултати.

Вештини на учење:

  • способност за успешно совладување на теоретските концепции, за аплицирање техники и методологии во специфични научни подрачја и за идентификување на потребите за натамошно надградување на стекнатото знаење;
  • поседување способност за партиципација во групни дискусии, критичко анализирање на теоретски и практични аспекти во секојдневното работење и за изработување и презентирање на изработените проекти;

Квалификација која се стекнува: Магистер по економски науки – Управување во јавниот сектор.

ПОНАТАМОШНИ СТУДИИ

Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство.

Задолжителни предметни програми – Семестар 1

Код

Полн назив на предметната програма

Наставник

Број на часови

ЕКТС

PSM 510

Управување со промените

Проф. д-р Предраг Трпески

40

7

PSM 511

Економија на јавниот сектор

Проф. д-р Љубомир Кекеновски

40

7

PSM 514

Инструменти на државна регулација

Проф. д-р Трајко Славески

40

7

PSM 517

Локален економски развој

Проф. д-р Пеце Недановски

40

7

Листа на УКИМ Предмет од Листата на УКИМ 10

2


Семестар   2
 Код Полн назив на предметната програма  Наставник Број на часови  ЕКТС 
 PSM Магистерски труд 40 16,00
Изборни предметни програми – Семестар 1
Код Полн назив на предметната програма  Наставник Број на часови  ЕКТС
PSM UKIM Изборен предмет од Листа на УКИМ 10 2,00
Изборни предметни програми – Семестар 2

Код

Полн назив на предметната програма

Наставник

Број на часови

ЕКТС

PSM 512

Корпоративно управување и теорија на игри

Проф. д-р Љубомир Дракулевски

40

7

PSM 513

Економија на јавниот избор

Проф. д-р Трајко Славески

40

7

PSM 515

Инвестиционо одлучување во јавниот сектор

Проф. д-р Александар Наумоски

40

7

PSM 516

Човечките ресурси во јавниот сектор

Проф. д-р Предраг Трпески

40

7

PSM 518

Јавна администрација и јавна одговорност

Проф. д-р Сашо Ќосев

40

7

PSM 519

Јавно-приватно партнерство

Проф. д-р Пеце Недановски

40

7

PSM 520

Управување во јавните претпријатија

Проф. д-р Љубомир Кекеновски

40

7

PSM 521

Управување со информациите и знаењето во јавниот сектор

Проф. д-р Пеце Недановски

40

7

PSM 522

Современи предизвици во управувањето со локалните јавни финансии

Проф. д-р Предраг Трпески

40

7

Линк до Управување во јавниот сектор – студиска програма 2022/2023

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.