Финансиски менаџмент

Наслов на наставниот предмет

Финансиски менаџмент

Код

MNG 341

Наставник

Проф. д-р- Сашо Арсов

Цели на предметната програма (компетенции): 

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

·         Изработат финансиска анализа на една компанија и да дадат сопствена  оценка за финансиската состојба на компанијата врз основа на добиените резултати.

·         Да ги изработуваат и користат планските финансиски документи, како основа за донесување на финансиски одлуки;

·         Да ги разбираат карактеристиките на одделните видови долгорочни хартии од вредност и да умеат да ја проценат нивната вредност;

·         Да ја утврдуваат цената на капиталот од одделните извори на  финансирање, како и просечниот трошок на капиталот;

·         Да ги анализираат и препознаваат ефектите на одделните видови дивидендна политика врз остварувањето на целите на финансискиот менаџмент, во согласност со теоретските поставки и докажа практични импликации. 

Содржина на предметната програма:

1.             Целта на финансискиот менаџмент.

2.            Финансиски извештаи – анализа и планирање

3.            Капитално буџетирање.

4.            Емисија и вреднување на хартиите од вредност

5.            Основи на портфолио менаџментот

6.            Финансиски деривативи и управување со ризикот

7.             Обртен капитал и краткорочно финансирање

8.            Трошок и структура на капиталот

9.            Дивидендна политика

10.         Спојувања, преземања и други облици на преструктурирање

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.