Јавни финансии

Јавни финансии

Наслов на наставниот предмет

Јавни финансии

Код

 MFB 511

Наставник

Сузана Макрешанска Младеновска

Цели на предметната програма (компетенции):

Основна цел на предметната програма е да го продлабочи знаењето на студентите од јавните финансии и фискалната политика. По завршувањето на наставата и положувањето на предметот, студентите треба да:

  • Се стекнат со детални познавања за функционирањето на даночниот систем и јавната потрошувачка;
  • Се способни критички и објективно да ги евалуираат алтернативните даночни системи и јавните расходи;
  • Можат да прават експертски анализи во областа на оданочувањето и политиката на јавни расходи;
  • Имаат знаење да ги предвидуваат пошироките социо-економски ефекти од дадените јавни политики;
  • Можат да пишуваат трудови и да прават презентации на теми поврзани со јавните финансии во Р. Македонија.

Содржина на предметната програма

  • Вовед во финансирањето на државата
  • Оданочувањето, ефикасноста и редистрибуцијата на доходот
  • Буџетското салдо и јавен долг
  • Оданочување на персоналниот и корпоративниот доход
  • Оданочување на потрошувачката
  • Оданочување на богатството, имотот и недвижностите
  • Фискален федерализам
  • Даночен систем и фискална политика во Р. Македонија
Comments are closed.

Јавни финансии

Јавни финансии

Наслов на наставниот предмет

Јавни финансии

Код

 FIN 230

Наставник

Сузана Макрешанска Младеновска

Цели на предметната програма (компетенции):

Основна цел на предметната програма е да ги запознае студентите со основните принципи на јавните финансии, оданочувањето и фискалната политика. По завршувањето на наставата и положувањето на предметот, студентите треба да се способни да:

  • ги идентификуваат пазарните неуспеси и функциите на државата;
  • ги препознаваат екстерналиите и мерките за нивно надминување;
  • разликуваат чисти јавни добра од приватни добра и добра обезбедени од државата;
  • ги разбираат јавните расходи и нивните ефекти врз домаќинствата и бизнис секторот;
  • ги анализираат основните принципи на оданочувањето;
  • ги евалуираат концептите на еднаквост и ефикасност во оданочувањето;
  • ги анализираат инструментите и целите на фискалната политика;
  • ги разбираат фискалните односи помеѓу централната и локалните власти;
  • дискутираат на прашања поврзани со јавните финансии во нашата земја;
  • пишуваат трудови и да прават презентации на теми поврзани со јавните финансии.

Содржина на предметната програма: 

  • Пазарен неуспех и функции на државата
  • Јавни расходи и јавни приходи
  • Принципи на даноците
  • Еднаквост и ефикасност во оданочувањето
  • Фискална политика
  • Буџетски дефицит и јавен долг
  • Фискални односи помеѓу различни нивоа на власт
  • Јавни финансии во Р. Македонија (буџет и јавни расходи, даночен систем, јавен долг)
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.