Наслов на наставниот предмет

Корпоративна финансиска стратегија

Код

CFM 512

Наставник

Доц. д-р Александар Наумоски

Цели на предметната програма (компетенции): 

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

•      Да го разберат централното место на вреднувањето како основен принцип во доменот на финансиското одлучување

•      Разбирање како одделните финансиси одлуки влијаат на вредноста на компанијата и остварувањето на нејзините цели

•      Да ја применуваат рамката и концептите од корпоративните финансии во носењето одлуки во реалниот свет

•      Да формулираат стратегија за капитални инвестици и да спроведат анализа и процена на инвестициски проекти 

•      Добро да го разбираат значењето на структурата на капиталот и неговото влијание врз вредноста на компанијата

•      Разбираат како и кога дивидендата и откупот на сопствени акции ја зголемуваат вредноста на компанијата, а кога не 

•      Формулирање на најдобра финансиска стратегија која е најсоодветна за фазата од деловниот животен циклус на компанијата 

•      Да изгради ефективни вештини за соработка при индивидуално и тимско решавање на проблеми   

 

Содржина на предметната програма:

•      Корпоративни цели

•      Улоги и одговорности на главниот финансиски директор

•      Корпоративни финансии и финансиска стратегија 

•      Поврзување на корпоративната и финансиската стратегија

•      Однесување на инвеститорите и ефикасноста на пазарот на капитал

•      Цената на акцијата на компанијата: анализа и следење

•      Вредноста на компанијата и вредноста на акционерскиот капитал

•      Инвестициски одлуки и стратегии 

•      Меѓународни операции и инвестиции

•      Идентификување и вреднување на реални опции

•      Стратегиско управување со обртниот капитал

•      Дивидендна политика

•      Структура на капитал и трошок на капитал

•      Деловниот животен циклус и финансиската стратегија  Финансиска стратегија од start-up до раст

•      Финансиска стратегија од раст до зрелост и опаѓање

•      Спојувања и преземања

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.