Наслов на наставниот предмет | Корпоративно управување |
Код | CFM 516 |
Наставник | Проф. д-р Горан Коевски Проф. д-р Стојан Дебарлиев |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни:
· Да развијат аналитички и комуникациски способности, како и способности за тимска работа. | |
Содржина на предметната програма: 1. Поимно определување на корпоративното управување 2. Содржина на поимот и на концептот на корпоративно управување и сличности и разлики со други сродни научни области 3. Интерни (структура на акционерска сопственост, поделба на моќ помеѓу корпоративните органи) и екстерни (надворешни извори на финансирање, развиеност на пазарот на капитал, заштита на правата на акционерите) услови кои го определуваат конкретниот модел на корпоративно управување 4. Англосаксонски и континентален модел на корпоративно управување и нивни основни карактеристики 5. Трендови на развој на современото корпоративно управување и можности за конвергенција на различните модели на корпоративно управување 6. Правно уредување на корпоративното управување (споредбено-правна анализа) 7. Корпоративното управување во Република Македонија на општо ниво и по специфични дејности – осигурување, банкарство |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани