Наслов на наставниот предмет

Менаџмент на мал бизнис

Код

MGT 515

Наставник

Доц.д-р Александра Јанеска-Илиев

Цели на предметната програма (компетенции): 

  По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентот треба да биде способен:

  • Да ги објасни глобалните промени во малиот бизнис во економијата на САД, Велика Британија, Европската унија и Македонија низ економски индикатори,
  • Да ги идентификува предностите и слабостите на различните начини на започнување со сопствен бизнис,
  • Да примени соодветна методологија за изработка на ефективен и успешен  бизнис план на малото претпријатие,
  • Да биде способен да ги утврди специфичности во примената на  општествената одговорност и етика во малиот бизнис,
  • Да разликува мал бизнис со и без претприемничка иницијатива.

Содржина на предметната програма:

1.       Глобални промени во малиот бизнис

2.       Малиот бизнис и претприемништвото

3.       Можни форми на сопствеништво мало претпријатие 

4.       Приоди на започнување со сопствен бизнис 

5.       Фамилијарен бизнис 

6.       Франшиза                                                                                          

7.       Планирање во мало претпријатие        

8.       Изработка на ефективен бизнис план 

9.       Раст и менаџирање на растот на малиот бизнис

10.   Успеси и неуспеси на малиот бизнис 

11.   Општествена одговорност, етика и малите претпријатија 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.