Наслов на наставниот предмет |
Организациско однесување |
Код |
MGT 518 |
Наставник |
Проф. д-р- Љубомир Дракулевски Доц.д-р Александра Јанеска -Илиев |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да: · Разберат зошто во теоријата има различни концепти за однесувањето на луѓето во организацијата и зошто треба да се развива етичко однесување во организацијата; · Знаат да го одредат местото на луѓето во организационата структура; · Го почитуваат и развиваат лидерството како многу значајна димензија на менаџерската професија и да станат вистински лидери за поединците и групите во организацијата; · Го поддржуваат и разбираат етичкото однесување на работните места и во меѓусебното комуницирање на луѓето како предуслов за зголемување на задоволството од работата и намалување на стресот; · Ја разберат и стимулираат мотивацијата во работата; · Знаат како се распоредува моќта во организацијата, зошто постојат и како треба да се организираат политичките процеси во неа; · Разберат зошто е важна организациската култура и нејзиното постојано унапредување; · Сфатат зошто акцептирањето на организационите промени и организацискиот развој се единствени начини за опстанок на организацијата во современите услови. |
|
Содржина на предметната програма: 1. Вовед 2. Индивидуални процеси во организациите 3. Подобрување на перформансите на организациите 4. Меѓучовечки процеси во организациите 5. Организациони процеси и карактеристики 6. Интегрирање на поединците, групите и организациите |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани