Наслов на наставниот предмет | Менаџмент на перформанси |
Код | SHR 540 |
Наставник | Доц. д-р Љупчо Ефтимов |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни да: · Да демонстрираат критичка свесност за најновите истражувања од областа на управувањето на перформансите · Да ги идентификуваат користите од управувањето на организациските перформанси за вработените, менаџерите и за самата организација · Да ги преведат организациските стратегии во конкретни индикатори за мерење на организациските перформанси · Да дизајнираат ефикасен систем за управување на организациските перформанси и да ги утврдат чекорите за негово успешно имплементирање · Да креираат и да ги поврзат системите за управувањето со перформансите со платите и наградите на вработените · Да изнајдат практични решенија и да иницираат соодветни мерки за унапредување на организациските перформанси | |
Содржина на предметната програма: · Концептот на мерење на организациските перформанси · Погледот на организациските перформанси низ призмата на различните деловни функции · Современото наспроти традиционалното следење на организациските перформанси · Управување на организациските перформанси · Системи за управување на организациските перформанси · Доминантни концепти за управување на организациските перформанси во практиката · Поврзување на перформансите со платите и наградите на вработените. · Награди и бенефиции за посебни категории на вработени (извршни директори и членови на управен и надзорен одбор – менаџерски договори, научници и талентирани вработени, комерцијалисти, вработени во високотехнолошки и интернет фирми) |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани