Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии

Економски факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј"

Вториот циклус студии претставува значаен чекор во личниот и професионалниот развој на секој поединец. Во услови на постојано менување на пазарот на трудот и зголемена конкурентност, надградувањето на знаењата, стекнувањето нови вештини и здобивањето со академска титула магистер на науки не е само предност – тоа е неопходност. Магистерската титула ги отвора вратите кон повисоки позиции, поголема одговорност и остварување на долгорочни кариерни цели.

Инвестирај во себе! Избери квалитет! Избери го Економскиот факултет – Скопје!

Конкурс за втор циклус студии Сите студиски програми, услови и рокови во официјалниот документ (PDF)

Студиски програми

Студиска програма Број на студенти Траење (семестри) Школарина (евра) Школарина за странски државјани
Едногодишни студии 385 2 2000/2500 3000/3750
Сметководство и ревизија* 40220003000
Економски развој и меѓународни финансии* 20220003000
Е-бизнис менаџмент 30220003000
МБА менаџмент 40220003000
Монетарна економија, финансии и банкарство 50220003000
Менаџмент во осигурувањето 20220003000
Статистички методи за бизнис и економија 25220003000
Управување со јавниот сектор 40220003000
Корпоративен финансиски менаџмент 40220003000
Европски економски студии 20220003000
Маркетинг 30220003000
Business administration in Strategic Human Resource Management* 30225003750
Двогодишни студии
Е-бизнис менаџмент 15430004500

Забелешка: Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд.
* Упис на студиските програми кај кои има ѕвездичка ќе се врши доколку до започнувањето на пријавувањето добијат решенија за почеток со работа.

Рокови за пријавување и запишување на кандидатите

  Прв рок Втор рок*
Пријавување на кандидатите 1 до 16.10.2026 1 до 12.2.2027
Запишување на кандидатите 21 и 22.10.2026 17 и 18.2.2027

Право на конкурирање

Право на конкурирање имаат кандидати што го исполнуваат општиот услов да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на соодветниот факултет, односно научен институт.

Потребни документи за пријавување и запишување

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронско пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување. Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања на Економскиот факултет.

Регистрирај се на upisi.ukim.mk

При пријавувањето за запишување на втор циклус студии, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  • Потпишани универзитетски пријавен лист и интерен пријавен лист (генерирана од iKnow-системот)
  • Оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение), а за кандидатите кои завршиле во странство – Решение за нострификација на документите за завршено образование, издадено од Министерството за образование и наука на РСМ
  • Куса биографија (CV)
  • Потврда за активно познавање странски јазик
  • Потврда за уплатена административна такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50 – детали подолу)
  • Линк од шифри на општина – погледни документ
  • Препораки од наставни или научни работници (доколку има такви)
  • Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат)
  • Документи за евентуални награди, признанија и други документи
Уплата на административна такса (Образец ПП 50)
Назив на примачот:Трезорска сметка – Скопје
Банка на примачот:НБРСМ
Трансакциска сметка:100-0000000-630-95
Уплатна сметка:840-ХХХ-03161
Конто:722313 00

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.

Документ