Втора, трета и четврта година – Економски факултет, Скопје
Почитувани студенти,
Ве информираме дека уписите на зимскиот семестар 2026/2027 година започнуваат на 09.09.2026 година. Пред да дојдете во Службата за студентски прашања задолжително направете online упис. При online уписот на новиот зимски семестар потребно е внимателно да го извршите изборот на предмети.
Избор на предмет од друга насока или година ќе се смета за неважечки, дури и во случај предметот да се положи, бидејќи не припаѓа на соодветниот план и структура на вашата студиска програма.
Сите студенти, од сите 4 студиски години, уписот ќе го направат преку доставување на документите во плико. Сите студенти треба да направат online упис (задолжително внесени сите оценки од положени предмети од претходниот зимски семестар 25/26 во iKnow системот), да ги извршат сите уплати и обврски. Уредно пополнетиот индекс, уплатите и доказот за пополнет статистички прашалник се ставаат во плико на кое ќе биде напишано:
Пликото се доставува на означено место пред влезот на службата за студентски прашања. За сите некомплетни доставени индекси ќе се смета дека не се почитувани дадените насоки, а уписот ќе се реализира по 25.9.2026 со надомест за задоцнет упис.
| Студиска година | Датум | Часови |
|---|---|---|
| Втора година | 9.9.2026 – 14.9.2026 | 08:00 – 16:00 часот |
| Трета година | 15.9.2026 – 18.9.2026 | 08:00 – 16:00 часот |
| Четврта година | 21.9.2026 – 25.9.2026 | 08:00 – 16:00 часот |
Потврди за извршени уплати (кликнете за да го погледнете соодветниот ПП 50 образец):
6.150 ден.
или вредност на ЕКТС за НП 2017/2018
Погледни ПП5012.300 ден.
или вредност на ЕКТС за НП 2017/2018
Погледни ПП5012.300 ден.
или вредност на ЕКТС + доказ за вонредно студирање
Погледни ПП50750 ден.
за сите студенти
Погледни ПП50100 ден.
за сите студенти
Погледни ПП502.000 ден.
1.000 ден. материјални + 1.000 ден. онлајн ресурси, на една уплатница
Погледни ПП50Студентите кои се запишани со специјални услови се ослободени од плаќање на ставките за материјални и онлајн ресурси (вкупно 2.000 ден.).
Ви благодариме на довербата! Ваш Економски факултет!
За подетални прашања обратете се во Одделението за студентски прашања на Економскиот факултет – Скопје.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани