fbpx

Наслов на наставниот предмет

Jавна администрација и јавна одговорност

Код

 PSM 518

Наставник

Проф. д-р Ристо Христов

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да:

  • Се стекнуваат знаења за основите, организацијата и функционирањето на јавната администрација во ЕУ и Република Македонија;
  • Се запознаат со принципите на организирање и функционирање на јавната администрација;
  • Ги разбираатпотребата и насоките на реформата на јавната администрација во Република Македонија;
  • Стекнуваат знаења за основите и практикувањето на јавната одговорност и со механизмите на конрола и санкционирање на јавната одговорност во ЕУ и Република Македонија

Содржина на предметната програма: 

  1. Јавното управување со процесите и потребата од јавна администрација;
  2. Поим и видови јавна администрација;
  3. Политички, законски и етички основи на организираноста и функционирањето на јавната администрација;
  4. Принципи на јавната администрација во ЕУ (Европски административен простор -ЕАП);
  5. Јавната администрација и економскиот развој;
  6. Јавната администрација во Република Македонија (организација, функционирање и реформа);
  7. Управувањето, власта и влијанието;
  8. Видови јавна одговорност (изборност, независност, сменливост);
  9. Основите на јавната одговорност во ЕУ;
  10. Механизми на контролана моќта, власта и влијанието;
  11. Механизми на санкционирање на јавната одговорност;
  12. Јавната одговорност во Република Македонија (нормативно-правната регулатива, механизмите на контрола и видовите на санкцинирање).
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.