„Подобри податоци, подобра иднина во ерата на вештачката интелигенција“
📅 20 октомври 2026 • Катедра по математика и статистикаПо повод Европскиот ден на статистиката, на 20 октомври 2026 година, во организација на Катедрата по математика и статистика, на Економскиот факултет – Скопје за првпат се одржа настан посветен на значењето, развојот и современата примена на статистиката, под мотото „Подобри податоци, подобра иднина во ерата на вештачката интелигенција“.
Настанот обедини студенти, професори, истражувачи и претставници на јавниот и невладиниот сектор, отворајќи простор за размена на знаења и идеи за улогата на статистиката во современото општество и економијата.
Програмата започна со обраќања на деканот на Економскиот факултет – Скопје, проф. д-р Мијалче Санта, и проф. д-р Драган Тевдовски, по што следуваа три тематски излагања.
Во рамките на панел дискусијата, модерирана од проф. д-р Драган Тевдовски, претставници на академската заедница и Државниот завод за статистика дискутираа за значењето на веродостојните податоци, современите аналитички пристапи и улогата на статистиката во креирањето политики и донесувањето одлуки.
Посебен акцент на настанот беше ставен на студентите и нивната способност да ги претворат податоците во знаење. Во финалето на студентскиот дататон, три студентски тимови ги презентираа своите истражувања, демонстрирајќи аналитичко размислување, креативност и примена на статистичките методи во обработката на актуелни економски и општествени прашања. Победничкиот тим беше избран преку гласање на публиката.
Одбележувањето на Европскиот ден на статистиката ја потврди важноста на поврзувањето на академското знаење со практиката и на развивањето статистичка писменост и аналитички вештини кај младите генерации.
Подобри податоци, подобра иднина!
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани