На Економскиот факултет – Скопје се организираат:
Едногодишни последипломски студии (втор циклус студии) во траење од два семестра со предвидени 7 испити и изработка на магистерски труд. Студиите на вториот циклус носат 60 кредити според ЕКТС.
Двeгодишни последипломски студии (втор циклус студии) во траење од четири семестри со предвидени 14 испити и изработка на магистерски труд. Студиите на вториот циклус носат 120 кредити според ЕКТС.
Студентите од втор циклус на студии имаат право да ги завршат започнатите студии според условите и студиската програма на која се запишале, најдолго во времето што е двапати подолго од пропишаното траење на студиите. Доколку по истекот на рокот од претходниот став студентот не ги заврши студиите, со одлика на единицата на Универзитетот се утврдуваат дополнителните услови и рокот за кој студентот може да ги заврши студиите. (види Статут на УКИМ)
Цена на чинење на еден семестар е 500 евра (за едногодишни студии 2 х 500 евра, a за двегодишни студии 4 х 500 евра).
Вредноста на пријавата за испит е 25 евра (кај едногодишните студии за 7 предмети, кај двeгодишните студии за 14 предмети).
Одбраната на магистерскиот труд е 1000 евра.
По завршувањето на студиите, студентите се стекнуваат со звањето
“Магистер на економски/организациски науки“ од соодветната област.
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани