Економскиот факултет-Скопје е составна единица на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (www.ukim.edu.mk) кој е прв државен универзитет основан во Република Северна Македонија, рангиран како водечка институција во национални рамки и исклучително конкурентен на меѓународен план.
Економскиот факултет-Скопје е активен член на неколку истакнати меѓународни организации:
Економскиот факултет-Скопје успешно ги поврзува образованието и бизнисот и придонесува за студентите:
- Да имаат различни можности за реализирање на практична настава;
- Да работат на реални студии на случај во актуелни компании и да работат на изнаоѓање на најдобри соодветни решенија под раководство и насоки на својот предметен професор и под директно менторство на професионалец од компанијата;
- Да го продлабочат своето знаење и вештини бивајќи ангажирани во реални проекти со полно работно време;
- Да имаат истакнати гости-говорници (од рангот на извршни директори, менаџери, раководители, успешни претприемачи) во рамки на наставата по одредени предмети и да ги слушнат успешните приказни и искуства кои тие ги споделуваат со цел да ги охрабрат на нивниот кариерен пат да се движат со силен ентузијазам и упорност;
- Да реализираат „теренска настава“ т.е. посета на компании кој претставува еден од најдобрите начини студентите одблизу да се запознаат со компанијата, нејзиното работно окружување, нејзините бизнис трендови и на лице место да дискутираат за тековните деловни предизвици и состојби;
- Да можат да ги истражат нивните можности за кариерен развој и вмрежување на т.н Денови на кариера (Pitch Please Events) организирани од Факултетот во тесна соработка со Студентското собрание (студентска организација во која членуваат студентите на УКИМ) и АИЕСЕК (меѓународна студентска платформа).
Економскиот факултет – Скопје има две студентски организации т.е. Студентското собрание (студентска организација на студентите на УКИМ) и АИЕСЕК (меѓународна студентска платформа) кои функционираат во негови рамки и им овозможуваат на студентите:
- Да станат нивни членови и да придонесат во развојот на организацијата, а истовремено и да ги развијат своите организациски, лидерски, комуникациски и преговарачки вештини преку својот ангажман (во активности, настани, проекти, студентски конференции, студентска размена, студентска пракса, работилнициа и семинари за тимска работа);
- Да го искажат својот став и мислења ( во врска со прашања кои ги засегаат студентите, а се поврзани со нивното студентско секојдневие) на раководството на Факултетот/Универзитетот и со самото тоа да бидат вистински претставници на студентското тело на Економскиот факултет-Скопје.
Економскиот факултет има силни врски на меѓународен план: