Економска статистика

Наслов на наставниот предмет

Економска статистика

Код

MST 210

Наставник

 

Цели на предметната програма (компетенции):

·       Целта на предметот е на најдобар можен начин да ги подготви студентите да ги користат статистичките бази на податоци (било домашни или странски, публикувани или презентирани преку интернет), согласно на нивните потреби за квантитативни истражувања.

По завршувањето на наставата и положувањето на испитот, студентите треба да бидат спосо бни :

·       Да ја постават врската помеѓу економската теорија и економската анализа;

·       Да ги аплицираат статистичките методи во економските истражувања;

·       Да вршат математичка проверка на економските (теоретски) поставки.

Содржина на предметната програма:

Студиската програма по економска статистика, примената на статистичките методи ја набљудува од аспект на нивна верификација во практиката, преку избор на соодветни стратегии и оценки на акциите, кои треба да прионесат донесување на што поправилни и поефикасни одлуки. Предметот покрива материја за населението (демографска статистика), работната сила и вработеноста, капацитетите и анализа на економската активност (статистика и анализа на производството, мерење и анализа на продуктивноста на трудот, цените, животниот стандард, надворешната трговија, коњуктура на пазарот и макрекономски модели). Се настојува студентите да се оспособат да ја разберат и применуваат проблематиката и да бидат добри аналитичари на применуваните методи, како и да ги користат податоците кои се добиваат од ДЗС на Република Македонија и од меѓународните статистички информациски системи.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.