Наслов на наставниот предмет | Менаџмент на односи со потрошувачи |
Код | EBU420 |
Наставник | Проф. д-р Лидија Пулевска-Ивановска |
Цели на предметната програма (компетенции): Цел на предметната програма Менаџмент на односи со потрошувачи е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на системите за менаџирање на односите со потрошувачите и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели, предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на менаџментот на односите со потрошувачи, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена. По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни: · да ја разберат суштината наконцептот CRM; · да користат податоци од истражувања, трансакции, интернет, социјални мрежи и сл. за мерење и менаџирање на односите со потрошувачите; · да ги применат потенцијалите на информациските системи за поддршка на имплементирањет о на CRM концептот во бизнис практиката; · да ги идентификуваат клучните фактори за успех на CRM; · да го користат системот на урамнотежени показатели за мерење на ефективноста на CRM активностите. | |
Содржина на предметната програма: Предметот Менаџмент на односи со потрошувачи се фокусира на алатките, метриките и системите кои се користат за мерење и управување на односите со потрошувачите. Во рамките на овој предмет ќе се изучуваат: основи на CRM концептот; вредносен синџир на CRM; информациски технологии за CRM; имплементирање и интегрирање на CRM; нивоа на CRM; портфолио анализа на потрошувачите; бази на податоци за потрошувачите; создавањето вредност за потрошувачите; управување со животниот циклус на потрошувачите; мерење на ефективноста на CRM активностите преку системот на урамнотежени показатели. |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани