Основи на маркетинг

Наслов на наставниот предмет

Основи на маркетинг

Код

МКТ 210

Наставник

Проф.д-р Снежана Ристевска-Јовановска

Цели на предметната програма(компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет,студентите треба да бидат способни:

·       Секој студент треба да биде способен да изврши сегментирање на пазарот и интерпретирање на процесите на позиционирање и таргетирање преку познавање на однесувањето на потрошувачите на различните пазарни сегменти.

·       Студентот треба да биде способен да ги идентификува и успешно да ги комбинира инструментите на маркетингот преку анализа на изложената материја, примери од праксата и изработка на проекти.

·       Студентот треба да биде oспособен тимски да дизајнира и спроведе истражувачки проект, како и да ги споредува и вреднува добиените податоци од маркетиншки аспект.

·       Студентот треба да биде способен да ja примени маркетинг концепцијата во работењето и да донесува правилни маркетиншки одлуки кои базираат на познавањето на принципите на маркетинг менаџментот

Содржина на предметната програма:

  • Маркетинг концепт
  • Маркетинг менаџмент
  • Маркетинг истражување
  • Сегментирање на пазарот
  • Производ
  • Цена на производите
  • Промоција
  • Дистрибуција
  • Маркетинг за глобален пазар
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.