Стратегиски менаџмент

Наслов на наставниот предмет

Стратегиски менаџмент

Код

MGT 310

Наставник

Проф. д-р Љубомир Дракулевски

Цели на предметната програма (компетенции):

Цел  на  предметната програма Стратегиски менаџмент е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на стратегискиот менаџмент и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на стратегискиот менаџмент, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа предметна програма, студентите ќе можат:

  • Да ги разберат теориите и концептите за стратегиски менаџмент;
  • Да го совладаат речникот сврзан со стратегискиот менаџмент;
  • Да ги интегрираат добиените знаења од одделните функциски менаџменти;
  • Да развијат аналитички и комуникациски способности, како и способности за тимска работа.

Содржина на предметната програма:

  1. Карактерот на стратегискиот менаџмент
  2. Менаџерите и стратегискиот менаџмент
  3. Проценка на екстерното окружување
  4. Проценка на интерното окружување
  5. Формулирање на стратегија
  6. Анализа и избор на стратегија
  7. Извршување на стратегијата
  8. Оценување и контрола на стратегијата
  9. Технологија и иновација
  10. Стратегиски менаџмент и малиот бизнис
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.