Наслов на наставниот предмет

Маркетинг менаџмент 

Код

MGT 512 

Наставник

Проф. д-р Анита Циунова – Шулеска

Цели на предметната програма (компетенции): 

·         Студентот треба да биде оспособен да направи анализа на пазарот со цел креирање вредност за купувачите.

·         Студентот треба да донесе најдобри маркетинг-одлуки имајќи ја предвид поврзаноста на задоволството на купувачите со стапката на задржување на купувачите.

·         Студентот треба да знае да ја пресмета вредностa на купувачот за претпријатието во текот на периодот на лојаност кон брендот (CLTV).

·         Студентот треба да знае да ги пресмета показателите за успешноста во маркетинг-работењето.

·         Студентот треба да знае како се изработува маркетинг-план и како се мерат резултатите од имплементираната маркетинг-стратегија.

 

Содржина на предметната програма:

1.             Пазарна ориентација и резултати

2.             Резултати од пазарното работење

3.             Пазарен потенцијал, понарувачка и пазарен удел

4.             Анализа на купувачите и креирање вредност

5.             Сегментирање на пазарот и стратегии на сегментирање на пазарот

6.             Анализа на конкуренти и извор на конкурентска предност

7.             Позиционирање на производ и стратегии на бренд

8.             Цени и ценовни стратегии 

9.             Маркетинг-канали и е-маркетинг

10.         Стратегиско маркетинг-планирање

11.         Маркетинг-план

12.         Показатели за резултатите од работењето и имплементацијата на

стратегијата 

13.         Влијание на маркетинг-менаџментот врз профитот

 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.