Наслов на наставниот предмет

Менаџмент на односи со потрошувачи

Код

EBU 420

Наставник

Проф. д-р- Лидија Пулевска-Ивановска

Цели на предметната програма (компетенции):

По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:                                                    

·да ја разберат суштината на концептот CRM;

·да користат податоци од истражувања, трансакции, интернет, социјални мрежи и сл. за мерење и менаџирање на односите со потрошувачите;

· да ги применат потенцијалите на информациските системи за поддршка на имплементирањето на CRM концептот во бизнис практиката;

· да ги идентификуваат клучните фактори за успех на CRM.

Содржина на предметната програма: 

Основи на CRM концептот; Ведносен синџир на CRM; Информациски технологии за CRM; Имплементирање и интегрирање на CRM; Нивоа на CRM; Портфолио анализа на потрошувачите; Бази на податоци за потрошувачите; Создавањето вредност за потрошувачите; Управување со животниот циклус на потрошувачите.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.