Наслов на наставниот предмет | Менаџмент на промени |
Код | MGT520 |
Наставник | Доц. д-р Леонид Наков |
Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни да: · Подготвуваат менаџерски одлуки за моментот, природата и длабочината на потребата од промени во организацијата; · Ги препознаат и управуваат со поттикнувачите кон и спротивставувачите на промените на индивидуално, групно/тимско и организациско ниво; · Развијат менаџерски вештини и способности за секоја фаза на процесот на управување со промените; · Ги разберат основните разлики помеѓу еволутивните и револутивните пристапи на управување со организациските промени; · Ја осознаваат различната употреба на стратегиите и тактиките за управување со промените, според фазата на животниот циклус и односот со екстерното окружување; · Ја совладаат употребата на информационите технологии и општествената одговорност во управувањето со промените; · Ја согледаат меѓусебната поврзаност и взаемна условеност на управувањето со промените и организацискиот развој | |
Содржина на предметната програма: · Природа на управувањето со промените · Концепт, процес и пристапи на управување со промените · Индивидуални, групни/тимски, организациски и стратегиски промени · Поттикнувачи и спротивставувачи на управувањето со промените · Стратегии и тактики на управување со промените · Информационите технологии и општествената одговорност при управување со промените · Култура, политика и лидерство на промени во организациите · Корпоративно управување со промените · Управувањето со промените и организацискиот развој |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани