Раководител: проф. д-р Лидија Пулевска-Ивановска
Секретар: проф. д-р Марина Мијоска Белшоска
Оделение за студентски прашања: 02/3286-829
Мисијата на студиската програма по Е-бизнис менаџмент е едуцирање на високо-образовни стручни кадри кои ќе ги следат и применуваат технолошките иновации и ИКТ во економијата и бизнисот, како и оспособување на професионалци од областа на е-бизнисот за управување и решавање на истражувачки и апликативни проблеми во е-бизнис окружување. Трендовите на функционирање на модерното бизнис окружување и неговите потреби создаваат потреба од нови дигитални вештини, кои ќе се развијат врз основа на користењето на информациско-комуникациските технологии. Дигиталната трансформација на организациите става акцент на е-бизнисот, при што е потребен високо-обучен кадар од оваа област на стратешко ниво за успешно функционирање.
Студиската програма од втор циклус студии по Е-бизнис менаџмент која се предлага со овој елаборат има за цел да им овозможи на студентите стекнување на специјализирани знаења и вештини од областа на е-бизнисот и развој на аналитички и менаџерски способности неопходни за успешно управување на претпријатијата во глобално дигитализирано окружување. Преку трансфер на искуства за современите светски практики на водење на е-бизнис, студентите на академските магистерски студии по Е-бизнис менаџмент ќе бидат оспособени успешно да управуваат конкурентни претпријатија од приватниот и од јавниот сектор во услови на интезниво користење на ИКТ.
Подготовката на студиската програма е базирана на детална анализа на пазарните индикатори, како и потребите на општеството на локално ниво и глобално ниво. Студиската програма е структуирана со цел да овозможи стекнување на релевантни знаења, вештини и квалификации од пошироката област на е-бизнисот, како и да овозможи висока специјализација на кадри според потребите на пазарот. Имплементацијата на е-бизнис решенија на пазарот покажува значителен раст, особено во последните неколку години преку настани на светско ниво кои ја поттикнаа потребата за забрзана дигитална трансформација на организациите.
Преку студиската програма ќе се овозможи продлабочување на постоечките знаења на студентите од областа на е-бизнисот, како и квалификување за новите работни места на пазарот базирани на бизнис ИКТ технологии, преку стекнување на нови компетенции и специфични вештини. Трендот на раст на е-бизнисот се очекува да продолжи со стабилен раст во иднина, при што побарувачката за овие кадри се очекува да се зголеми.
Со комплетирањето на студиската програма, магистрираните студенти уживат голем број на предности на пазарот на труд, базирајќи се на нивната специјализација за ново и модерно поле, кое ќе им овозможи и понатамошен развој во кариерата.
Услови за запишување и напредување на студиите
На студиската програма по Е-бизнис менаџмент можат да се запишат студенти кои завршиле тригодишни додипломски студии или завршиле студиска програма од прв циклус студии според ЕКТС со вкупен број на 180 кредити.
На студиската програма можат да се запишат студенти од било која област бидејќи е-бизнис моделите кои се предмет на изучување на студиите се користат во сите области на општеството и економијата.
По завршувањето на предвидените активности, се добива диплома Магистер по економски науки од областа на е-бизнис менаџмент.
Компетентност за работни места
Општи и специфични компетенции
Преку континуиран трансфер на современи и продлабочени знаења за примената на новите информациско-комуникациски технологии во деловното работење, студентите по завршувањето на студиската програма од втор циклус студии по Е-бизнис менаџмент ќе се стекнат со следните генерички (општи) компетенции:
Студентите ќе се стекнат и со следниве специфични компетенции:
Шифра | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
EBU 550 | Менаџмент на синџирот на снабдување | 40 | 7,00 | Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска |
EBU 560 | Бизнис информациски системи | 40 | 7,00 | Проф. д-р Сашо Јосимовски |
Шифра | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
EBU 580 | Оперативна стратегија | 40 | 7,00 | Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска |
Шифра | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
EBU 510 | Дизајнирање на бизнис процеси во е-бизнис | 40 | 7,00 | Проф. д-р Калина Треневска Благоева Проф. д-р Марина Мијоска |
EBU 310 | Бази на податоци за бизнис | 40 | 8,00 | Проф. д-р Сашо Јосимовски |
Теренска настава | 6,00 | Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска |
Шифра | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
EBU | Магистерски труд | 16,00 |
Код | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
EBU 590 | Модерни технологии за е-бизнис | 40 | 7,00 | Проф. д-р Сашо Јосимовски Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска |
EBU 530 | Интернет маркетинг апликации и алатки | 40 | 7,00 | Проф. д-р Димитар Јовевски |
EBU 360 | Е-бизнис иновации | 40 | 8,00 | Проф. д-р Мијалче Санта |
Код | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
EBU 520 | Е-влада | 40 | 7,00 | Проф. д-р Калина Треневска Благоева Проф. д-р Марина Мијоска |
EBU 570 | Менаџмент со информациски технологии | 40 | 7,00 | Проф. д-р Сашо Јосимовски |
EBU 540 | Глобални информациски инфраструктури | 40 | 7,00 | Проф. д-р Мијалче Санта |
MGT 310 | Стратегиски менаџмент | 40 | 7,00 | Проф. д-р Љубомир Дракулевски |
MGT 370 | Проектен менаџмент | 40 | 7,00 | Проф. д-р Сашо Арсов |
Код | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
EBU 420 | Менаџмент на односи со потрошувачи | 40 | 7,00 | Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска |
EBU 410 | ЕРП системи | 40 | 8,00 | Проф. д-р Калина Треневска Благоева |
Изборен предмет од листа на УКИМ |
Код | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
EBU 330 | Веб дизајн и развој | 40 | 8,00 | Проф. д-р Мартин Михајлов |
МКТ 460 | Маркетинг преку социјални медиуми | 40 | 8,00 | Проф. д-р Димитар Јовевски |
EBU 5901 | Примена на научно-истражувачки методи во електронскиот бизнис | 40 | 7,00 | Проф. д-р Сашо Јосимовски Проф. д-р Калина Треневска Благоева Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска |
Изборен предмет од Листа на УКИМ | 7,00 |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани