Наслов на наставниот предмет

Оперативна стратегија                

Код

EBU 580

Наставник

Проф. д-р Лидија Пулевска-Ивановска

 

Цели на предметната програма (компетенции):

Овој  предмет  ќе  ги  воведе  студентите  во  дизајнот,  имплементацијата  и мерењето на извршувањето на оперативната стратегија, со цел создавање конкурентска предност за една компанија. По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни:

· да ги идентификуваат главните елементи на оперативната стратегија и нивната поврзаност со синџирите на создавање додадена вредност и мрежите на вредност;                        

· да  користат  систем  за  следење  и  мерење  на  извршувањето  на оперативната стратегија;   

· да ги применат потенцијалите на информациските системи за поддршка на имплементирањето на оперативната стратегија во практиката;

· да ги интегрираат и да ги усогласат одлуките на операциите во различни

· деловни единици на компанијата со стратегијата на компанијата.

Содржина на предметната програма: 

Оперативна стратегија; Принципи на оперативната стратегија; Развој и импелементација на оперативна стратегија; Оперативни перформанси; Стратегија на мрежа на снабдување; Оперативна конкурентност (од аспект на трошоци, флексибилност, квалитет, време, додадена вредност); Имплементација на оперативната стратегија, Следење и мерење на извршувањето на оперативната стратегија.

 

 

 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.