Стратегиски менаџмент на човечки ресурси - двогодишни студии

Раководител: проф. д-р Стојан Дебарлиев

Секретар: проф. д-р Никола Левков

Оделение за студентски прашања: 02/3286-829

Одлука за рокови за студиски програми на втор циклус

Двегодишните студии на студиската програма Стратегиски менаџмент на човечки ресурси (модел 3+2 или 120 EКТС кредити) се организирана во две студиски години, односно во четири семестри. Програмата се состои од четиринаесет предмети и изработка на магистерски труд. Структурата на предметите е следна:
  • Осум задолжителни предмети
  • Четири изборни предмети (изборни предмети од листата на Економски факултет – Скопје)
  • Два изборни предмети (изборни предмети од Листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Мисија и цели

Мисијата на студиската програма по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси е едукација на високо-образовани стручни кадри кои ќе бидат способни да ги следат и применуваат најновите знаења и светските практики од областа на менаџментот на човечки ресурси, како и оспособување на МЧР професионалци способни да ги задоволат потребите за квалитетни, мотивирани и лојални човечки ресурси во своите организации. Студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси има за цел да продуцира магистри кои ќе бидат способни да ја унапредуваат својата професија, кои ќе можат на иновативен и претприемнички начин да придонесат за развој на својата работна средина и бизнис окружување, кои ќе ги применуваат принципите на ефикасност и етичност во своето делување и односи со вработените, и кои ќе бидат способни и отворени за прифаќање и брзо приспособување на организациските промени кои ги наметнува денешното глобализирано и динамично работење.

Работни места за кои се оспособуваат магистрантите

Студиската програма стратегиски менаџмент на човечки ресурси е внимателно структурирана со цел да ги задоволи образовните потреби на магистрантите кои почнале или сакаат да започнат да градат кариера во оваа професија и да ги развијат своите знаења и да стекнат специфични вештини во областа на стратегискиот менаџмент на човечките ресурси. Студентите по завршувањето на студиите од вториот циклус по стратегиски менаџмент на човечки ресурси ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се ангажираат во приватниот и јавниот сектор како:
  • менаџери или професионалци вработени во одделите за човечки ресурси во приватните компании;
  • претприемачи и линиски менаџери кои според описот на работните задачи се задолжени и за менаџмент на човечки ресурси;
  • директори, раководители или службеници одговорни за менаџментот на човечки ресурси во државни институции (полиција, образование, здравство, надворешни работи и др.) или во специфични организации како што се министерствата за информатичко општество и јавна администрација, за труд и социјална работа, или во другите министерства, потоа во агенцијата за вработување и нејзините подрачни единици, во државните агенции, во општините и во сите оние институции во кои се обавуваат некои од основните МЧР функции како вработување, обука и развој и односи со вработените;
  • вработени во агенции за посредување при вработување, центри за обука и кариера, консултантски куќи;
  • вработени во образовни институции како предавачи или истражувачи во оваа област.

Понатамошни студии

Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство. За подетални информации во врска со оваа студиска програма обратете се на  eftimov@eccf.ukim.edu.mk
Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
SHR 510 Стратегиски менаџмент на човечки ресурси 40 7,00 Љупчо Ефтимов
SHR 530 Развој на професионални вештини за вработување 40 7,00 Љупчо Ефтимов; Никола Левков
SHR 580 Теорија на организација 40 8,00 Кирил Постолов
SHR 550 Менаџмент на знаење 40 8,00 Никола Левков

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
SHR 518 Организациско однесување 40 7,00 Љубомир Дракулевски
MGT 520 Менаџмент на промени 40 8,00 Леонид Наков
SHR 540 Менаџмент на перформанси 40 8,00 Љупчо Ефтимов
Изборен предмет Од листа на Економски факултет-Скопје 40 7,00

Семестар   3
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
Изборен предмет од Листа на УКИМ 40 7,00
Изборен предмет од Листа на УКИМ 40 2,00
SHR 520 Меѓународен менаџмент на човечки ресурси 40 7,00 Стојан Дебарлиев
Изборен предмет Од листа на Економски факултет-Скопје 40 7,00
Изборен предмет Од листа на Економски факултет-Скопје 40 7,00

Семестар   4
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
SHR Магистерски труд 16,00
SHR-TN Теренска настава 40 7,00
Изборен предмет Од листа на Економски факултет-Скопје 40 7,00
Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
MGT 519 Нови можности и претприемништво 40 7,00 Стојан Дебарлиев
MGT 515 Менаџмент на мал бизнис 40 7,00 Александра Јанеска-Илиев
MGT 517 Меѓународен менаџмент 40 7,00 Љубомир Дракулевски
EBU 310 Организација на податоци во претпријатие 40 8,00 Сашо Јосимовски
SHR 570 Деловна етика 40 7,00 Леонид Наков
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
ACC 520 Корпоративно управување 40 7,00 Стојан Дебарлиев
SHR 560 Менаџмент информациони системи 40 8,00 Никола Левков
SHR 590 Стратегиски менаџмент 40 8,00 Љубомир Дракулевски

Важна информација

Почитувани,

во тек е ажурирање на содржините на новата веб страна на Економскиот факултет – Скопје и поради тоа може да има одредени задоцнувања. Последни информации за студиумот, врз основа на акредитацијата, може да добиете на следниов ЛИНК

Одлука за рокови за студиски програми на втор циклус

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.