Почитувани,

последни информации за студиумот, врз основа на акредитацијата, може да добиете на следниов ЛИНК

Одлука за рокови за студиски програми на втор циклус

Управување во јавниот сектор

Раководител: проф. д-р Даниела Бојаџиева

Секретар: проф. доц. Маријана Цветаноска

Оделение за студентски прашања: 02/3286-829

Цел на студиската програма е да им овозможи на студентите да се стекнат со современи и проширени знаења од областа на управувањето со јавниот сектор, за економските политки и поврзаноста на јавниот сектор со другите сектори во еконмијата, како и да се стекнат со специфични вештини за управување со процесите во јавниот сектор имајќи ги предвид новите предизвици во сé посложеното економско, технолошко и општествено окружување.

 Република Северна Македонија, како земја во развој, настојува да изгради стартегија за оставрување повисоки стапки на економски раст и забран економски и општествен развој. Во остварувањето на таа цел, улогата на јавниот сектор е од посебно значење. Оттука, за македонската економија од особено значење е развој на соодветни стратегии за реформирање и зголемување на ефикасноста на јавниот сектор. Во таа насока треба да се зголеми квалитетот на услугите кои ги нуди јавниот скетор, да се зајакне и адекватно да се постави економската и социјалната регулација во земјата, да се јакне кадровскиот капацитет во јавниот сектор преку вложување во ново знење, да се  дигитализациираат процесите и активностите кои се остваруваат во рамките на јавниот сектор. Јавниот сектор да ја зајанкне и ефикасно да ја исполнува совјата задача во поттикнувањето и забрзувањето на локалниот економски развој преку активно користење на формите на јавно-приватно партнерство и домаќински и одговорно финансирање на проектите од јавен интерес. Понатаму, унапредување на соработката и активното партнерство на деловниот сектор и јавната администрација со цел воспоставување интерактивен процес на креирање знаења и оценување на нивната практична релевантност.

 Тоа создава потреба од студиска програма за втор циклус студии од областа на управувањето во јавниот сектор, која ќе понуди соодветни знаења, спсобности и вештини од овие области во рамките на економските науки. Ваквите знаења, способности и вештини се неопходни за сите оние кои се ангажирани во институциите од јавниот сектор во кои се дизајнираат и реализираат макроекономските и микроекономските политики, односно структурните реформи насочени кон создавање услови за забрзан економски раст и развој. Паралелно со тоа се јавува и потреба за научно-стручна и независна анализа и евалуација на спроведените економски политики и реформи, со цел предлагање мерки за поефикасно и поефективно спроведување на истите.

 Студиската програма по Управување во јавниот сектор е структурирана на начин што овозможува стекнување знаења и квалификации од пошироката област на јавните политики и управувањето со јавните претпријатија. По завршувањето на студиите од втор циклус по Управување во јавниот сектор, студентите ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се ангажираат и унапредуваат во повеќе кариерни дисциплини: управување со процесот на локалниот економски развој, анализа и оценување на макроекономските и микроекономските развојни политики, анализа и оценување на јавните инвестициони проекти, развој на стратегии и политики за адекватно управување со регулацијата на бизнисот, управување со централните и локалните финансии, развој на социјални програми и политики, управување со јавните набавки, јакнење на менаџерските капацитети во јавните претпријатија, развој на адекватни маркетинг и комуникациски стратегии во јавните претпријатија и државните институции, управување со процесите на дигитализацијата во јавниот сектор.

 Целината на знаења која ја нуди студиската програма Управување во јавниот сектор ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во јавниот сектор (јавните претпријтија, министерствата, регулаторните институции и државнит агенции, во единиците на локалната самоуправа и сл.). Според кадровската провласфилираност, магистрантите од оваа студиска програма ќе стекнат способности и квалификации за анализа и евалуација на: стратегиите и политиките на стимилирање на економскиот раст и развој и политиките на привлекување странски директни инвестиции и други форми на финансирање на економскиот развој. Потоа ќе ги зајакнат претприемничките и менаџерските вештини  за успешно справување со предизвиците во функционирањето на јавниот сектор во целина.  

Последипломските студии се организирани во два семестри. Во текот на студиите треба да се положат 7 предмети за кои се организирани предавања, континуирано испитување и оценување, а потоа се изработува магистерски труд. Бројот на часовите за редовна и менторска настава се определува според бројот на пријавени студенти.

ЦЕЛИ

Цел на студиската програма е да им овозможи на студентите да се стекнат со современи и продлабочени знаења од областа на управувањето со јавниот сектор и администрацијата, анализа на политиките и релациите со другите сектори поврзани со јавниот сектор, како и со специфични вештини за примена на овие знаења во практика.

Со усвојувањето на сознанијата, од студентот се очекува да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини.

Знаење и разбирање:

  • да ги разбира и применува најновите сознанија за управувањето со јавниот сектор и развива креативен однос потребен за нивна ефикасна имплементација во практика;
  • да покажува знаење за структурирањето, функционирањето и развојот на јавниот сектор, како и за важноста на организационите промени како предуслов за повисоко ниво на ефикасност;
  • да ги познава неопходните вештини на менаџерите од јавниот сектор во функција на унапредување на квалитетот на јавните услуги;
  • да ги разбира двигателите и факторите на реформите во јавниот сектор;
  • да демонстрира знаења за потребата од унапредување на соработката и активното партнерство со деловниот сектор;

            Примена на знаењето и разбирањето:

  • подигнување на нивото на управување и раководење со јавниот сектор;
  • оспособување и усовршување стручни кадри способни за анализа и предвидување на идните тенденции и промени на економските фактори во јавниот сектор;
  • Примена на современи методи за поттикнување на локалниот економски развој.

            Способност за проценка:

  • способност за анализирање, синтетизирање и извлекување заклучоци за проучуваните состојби и појави и за изнаоѓање соодветни решенија;
  • развивање способности за тимска работа и комуникација применливи во различни ситуации;
  • способност за примена на современите истражувачки методи и техники.

            Комуникациски вештини:

  • способнос за комуницирање со идеи и за усогласување во тимска работа;
  • способеност за проценување и презентирање информации врз основа на добиените резултати.

Вештини на учење:

  • способност за успешно совладување на теоретските концепции, за аплицирање техники и методологии во специфични научни подрачја и за идентификување на потребите за натамошно надградување на стекнатото знаење;
  • поседување способност за партиципација во групни дискусии, критичко анализирање на теоретски и практични аспекти во секојдневното работење и за изработување и презентирање на изработените проекти;

Квалификација која се стекнува: Магистер по економски науки – Управување во јавниот сектор.

ПОНАТАМОШНИ СТУДИИ

Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство.

75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.