Економски науки

Почитувани,

на следните линкови ќе можете да ги погледнете последните информации за студиумот врз основа на акредитации и структура на студиската програма

Студиската програма Економски науки организирана од страна на Економски факултет – Скопје е од трет циклус, докторски студии, или VIII ниво според Националната рамка за високообразовните квалификации, односно ниво 8 според Европската рамка за високообразовни квалификации.

Живееме во време на реафирмација на економската наука, преку нејзино препромислување и ремоделирање. Глобализирањето на економските текови, фундаменталните структурни промени во светската економија, неодамнешната финансиска криза и резултирачката рецесија – сето тоа вбризга нова, свежа енергија во економската теорија, применетите економски дисциплини и емпириските економски анализи.

Студиската програма за трет циклус на студии од областа на економските студии, што овде се предлага, претставува обид да се одговори на предизвиците што ваквите фундаментални промени во глобалната економија ги поставуваат пред економската наука, економските политики и деловните политики на економските организации. Во студиската програма фактички се опфатени три пошироки области на економските науки: економијата, финансиите и маркетингот.

Дисциплините кои произлегуваат од овие три области ќе им овозможат на студентите да стекнувааат напредни знаења и аналитичко-истражувачки способности на еден широк спектар на економски прашања и проблеми, како што се: микроекономските и макроекономските аналитички модели, моделите на меѓународната економија, микроекономската регулација, макроекономските политики (монетарна, фискална, политика на девизен курс, надворешно-трговска политика); потоа, пазарите, институциите и инструментите кои го сочинуваат финансискиот систем, јавните и корпоративните финансии; исто така, новите теоретски и практични продори во областа на маркетингот, посебно во врска со револуцијата во областа на комуникациите и бихејвиоралните анализи; како и прашањата во врска со економиката на фирмите и нивното управување во услови на криза и тн.

Докторската студиска програма по Економски науки е организирана во согласност со правилата на европскиот кредит трансфер систем и има за цел профилирање на кадри за самостојно спроведување на оргинални научни истражувања. Здобивајќи се со напредни теоретско-апликативни знаења, студентите ќе се оспособат за изработка на комплексни економски анализи и доаѓање до предлози за ефикасно решавање на економските проблеми, било на ниво на економијата како целина, било на ниво на поединечни економомски сектори и поединечни фирми. Развиените автономни истражувачки капацитети на докторантите ќе придонесат во градењето на нивната понатамошна кариера во бизнис секторот, нефинансиски и финансиски; потоа секторот на државните институции и јавни претпријатија; како и секторот на академските институции.

ГОДИНИ И СЕМЕСТРИ НА ТРАЕЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Студиската програма по економски науки се организира во траење од 3 години, односно 6 семестри.

ЕКТС КРЕДИТИ СО КОИ СЕ СТЕКНУВА СТУДЕНТОТ

Со завршување на тригодишните универзитетски, докторски студии од трет циклус, студиска програма Економски науки, студентот се стекнува со 180 ЕКТС кредити.

НАЧИН НА ФИНАНСИРАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Докторските студии се реализираат со самофинансирање на кандидатите. Изворите за самофинансирање на кандидатите може да бидат потпомогнати со стипендии, средства на компании, како и средства кои би се обезбедиле преку други фондови и грантови на меѓународни институции. Висината на износот, начинот на уплата, како и сите други услови се регулирани со Правилник за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање нa трет циклус на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Mетодиј” во Скопје, како и со актите на Економскиот факултет – Скопје.

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

Запишувањето на докторските студии се врши врз основа на конкурс кој го објавува Универзитетот. Постапката за донесување и објавување на конкурсот е утврдена со закон и со Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус на студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје. Право за запишување на докторски студии имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат основните критериуми:

  • завршен II циклус на студии усогласени со европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС-кредити);
  • завршени постдипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити од обука за истражување и едукација;
  • стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со остварени најмалку 300 ЕКТС-кредити;
  • остварен просечен успех од сите предмети од претходно завршеното високо образование, од најмалку 8,00;
  • познавање на еден од светските јазици. Доказ за познавање на светски јазик е сертификат од Филолошкиот факултет “Блаже Конески” или меѓународен сертификат или диплома за претходно стекнато образование на соодветниот светски јазик.

За кандидатите кои не ги исполнуваат условите од четвртиот критериум, во зависност од спецификите на научната област, советот на студиската програма може да утврди дополнителни критериуми за запишување. Соодветноста на претходно завршените студии се утврдува од страна на Советот на студиската програма за докторски студии.

СТРУКТУРА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Студиите се организираат во период од 3 години според следниов режим:

Прва година (Обука за истражување и едукација) – 60 ЕКТС со кои кандидатот се стекнува со генерички и специфични знаења потребни за изработка на докторската дисертација. Првата година се организира во рамки на 2 семестри.

Прв семестар – 30,5 ЕКТС кредити и тоа:

  • 8 кредити од 2 генерички предмети,
  • 22,5 кредити од предмети во подрачјето и потесната област на истражување.

Во првиот семестар студентите полагаат двата задолжителни предмети од листата на генерички предмети чија реализација се одвива на Школата за докторски студии.

Задолжителни предмети:

  • Научно-истражувачка етика со примена и примери во подрачјето на економските науки – 4 кредити.
  • Методологија на научно-истражувачка работа со примена и примери во подрачјето на економските науки – 4 кредити.

Изборни предмети:

Во текот на првиот семестар студентот полага 3 предмети од листата предмети во подрачјето и потесната област на истражување според препорака на менторот избран од страна на кандидатот (Табела бр. 7). Секој од овие предмети носи по 7,5 ЕКТС – кредити.

– Втор семестар – 29,5 ЕКТС кредити:

Во вториот семестар кандидатот избира еден предмет од листата на предложени предмети за стекнување на генерички знаења усвоена од Школата за докторски студии при Универзитетот ,,Св Кирил и Mетодиј” во Скопје кој носи 4 кредити.

Во вториот семестар кандидатот избира и еден предмет од подрачјето и потесната област на истражување според препорака на менторот избран од страна на кандидатот. Покрај ова, во вториот семестар кандидатот треба да освои и дополнителни 18 кредити од учество на докторски семинар со презентација (2 кредити), годишна конференција со презентација на извештај (2 кредити) и самостојно истражување (14 кредити). Вкупната оптовареност на студентот за стекнување на 7,5 ЕКТС – кредити изнесува 225 часа од кои: 70 часа се директни контакт часови настава и вежби, 100часа се проектни и самостојни задачи, а останатите 55 часа се самостојно учење.

Втора и трета година – изработка на докторска дисертација – 120 кредити (пријава, истражување, изрботка и одбрана)

Пријавата, изработката и одбраната на докторската дисертација носат вкупно 120 ЕКТС- кредити и истите треба да се реализираат во период од 2 години, односно 4 семестри. Активностите во третиот семестар (Втора година) се состојат од подготовка на пријава за докторска дисертација и јавна презентација на тезите, методологијата, очекуваните резултати и други релевантни аспекти на истражувањето кое кандидатот планира да го спроведува.

I ГОДИНА

БРОЈ НА КРЕДИТИ

Прв семестар

Научно-истражувачка етика со примена и примери во подрачјето на економските науки (задолжителен предмет)

4 ЕКТС кредити

Методологија на научно-истражувачка работа (задолжителен предмет)

4 ЕКТС кредити

Изборен предмет (поле и област на истражување)

7,5 ЕКТС кредити

Изборен предмет (поле и област на истражување)

7,5 ЕКТС кредити

Изборен предмет (поле и област на истражување)

7,5 ЕКТС кредити

Втор семестар

Учество на докторски семинар со презентација

2 ЕКТС кредити

Изборен предмет од листата на предложени предмети за

стекнување на генерички знаења усвоена од Школата за

докторски студии при Универзитетот ,,Св Кирил и Mетодиј”

4 ЕКТС кредити

Изборен предмет (поле и област на истражување)

7,5 ЕКТС кредити

Самостојно истражување

14 ЕКТС кредити

Годишна конференција со презентација на извештај

2 ЕКТС кредити

II ГОДИНА

БРОЈ НА КРЕДИТИ

Трет семестар

Подготвување и поднесување на пријава за тема на

докторска дисертација и самостојно истражување

28 ЕКТС кредити

Докторски семинар со презентација на извештај

2 ЕКТС кредити

Четврти семестар

Работилница за истражувачка практика

3 ЕКТС кредити

Годишна конференција со презентација

2 ЕКТС кредити

Самостојно истражување и објавување резултати

25 ЕКТС кредити

III ГОДИНА

БРОЈ НА КРЕДИТИ

Петти семестар

Докторски семинар со презентација на извештај

2 ЕКТС кредити

Самостојно истражување и објавување резултати

28 ЕКТС кредити

Шести семестар

Работилница за истражувачка практика

3 ЕКТС кредити

Самостојно истражување и пишување на дисертацијата

25 ЕКТС кредити

Годишна конференција со презентација

2 ЕКТС кредити

 

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ

Предмет

ЕКТС кредити

Наставник

Институција

Научно-истражувачка етика со примена и примери во подрачјето на економските науки

4 ЕКТС

Проф д-р Верица Јаневска

Проф. д-р Виолета Панзова

Доц. д-р Марија Ацковска

Економски институт – Скопје

Економски институт – Скопје

Економски институт – Скопје

Методологија на научно-истражувачка работа

4 ЕКТС

Проф. д-р Леонид Наков

Економски факултет – Скопје

 

ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ

Листа на предложени предмети за стекнување генерички знаења, усвоена од Школата за докторски студии на УКИМ

Предмет

ЕКТС кредити

Наставник

Институција

Економетрија

4 ЕКТС

Проф. д-р Весна Буцевска

Економски факултет – Скопје

Статистичка анализа

4 ЕКТС

Проф. д-р Драган Тевдовски

Проф. д-р Марија Трпкова –

Несторовска

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Операциони истражувања

4 ЕКТС

Доц. д-р Виолета Цветкоска

Економски факултет – Скопје

Квантитативни методи на економска анализа

4 ЕКТС

Проф. д-р Билјана Ангелова

Доц. д-р Александар Стојков

Економски институт – Скопје

Правен факултет – Скопје

Претприемништво и иновации

4 ЕКТС

Проф. д-р Зоран Јаневски

Проф. д-р Стојан Дебарлиев

Економски институт – Скопје Економски факултет – Скопје

Други предмети од единиците на УКИМ

4 ЕКТС

Од други единици на УКИМ

УКИМ

 

Листа на изборни предмети на студиска програма од трет циклус студии по Економски науки

Код ЕСО

Предмет

Наставник

Институција

1

Микроекономија

проф. д-р Владимир Филиповски

проф. д-р Биљана Ангелова

проф. д-р Предраг Трпески

доц. д-р Даниела Мамучевска

Економски факултет – Скопје

Економски институт

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

2

Макроекономија

проф. д-р Трајко Славески

проф. д-р Силвана Мојсовска

проф. д-р Предраг Трпески

доц. д-р Борче Треновски

Економски факултет – Скопје

Економски институт

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

3

Економски раст и развој

доц. д-р Елизабета Џамбаска

доц. д-р Владимир Петковски

Економски институт

Економски институт

4

Применета економија

проф. д-р Пеце Недановски

проф. д-р Ванчо Узунов

доц. д-р Елизабета Џамбаска

доц. д-р Владимир Петковски

Економски факултет – Скопје

Правен факултет ,,Ј. Прима“-

Економски институт

Економски институт

5

Економија на јавниот сектор

проф д-р. Љубомир Кекеновски

проф.д-р Ристо Христов

проф. д-р Снежана Костадиноска

Милошеска

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Економски институт

6

Макроекономско моделирање

проф. д-р Сашо Ќосев

проф. д-р Весна Буцевска

доц. д-р Борче Треновски

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

7

Регионална економија

проф. д-р Пеце Недановски

Економски факултет – Скопје

8

Економија на аграрниот сектор

проф. д-р Сашо Ќосев

проф. д-р Пеце Недановски

доц. д-р Наташа Данаилоска

доц. д-р Катерина Хаџи Наумова

Михајловска

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Економски институт

Економски институт

9

Индустриска политика

проф. д-р Љубомир Кекеновски

доц. д-р Даниела Мамучевска

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

10

Државната регулација на бизнисот

проф. д-р Трајко Славески

проф. д-р Љубомир Дракулевски

проф. д-р Снежана Костадиноска

Милошеска

доц. д-р Даниела Мамучевска

доц. д-р Наташа Данаилоска

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Економски инстутут

Економски факултет – Скопје

Економски инстутут

11

Економика на туризам и угостителство

доц. д-р Марија Ацковска

доц. д-р Наташа Данаилоска

Eкономски институт

Eкономски институт

12

Меѓународна економија

проф. д-р Ирена Кикеркова

проф. д-р Силвана Мојсовска

доц. д-р Марија Ацковска

доц. д-р Катерина Тошевска Трпчевска

доц. д-р Искра Станчева Гигов

Економски факултет – Скопје

Eкономски институт

Eкономски институт

Економски факултет – Скопје

Економски институт

13

Мултилатерален трговски систем

проф. д-р Ирена Кикеркова

доц. д-р Марија Ацковска

доц. д-р Катерина Тошевска Трпчевска

доц. д-р Искра Станчева Гигов

Економски факултет – Скопје

Eкономски институт

Економски факултет – Скопје

Економски институт

14

Европски економски интеграции

проф. д-р Ирена Кикеркова

проф. д-р Силвана Мојсовска

доц. д-р Катерина Тошевска Трпчевска

Економски факултет – Скопје

Eкономски институт

Економски факултет – Скопје

15

Современи тенденции во светската економија

проф. д-р Ванчо Узунов

 

Правен факултет , УКИМ

16

Финансиски пазари и институции

проф. д-р Владимир Филиповски

доц. д-р Кирил Јовановски

доц. д-р Елена Наумовска

проф. д-р Климентина Попоска

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Eкономски институт

17

Монетарна економија

проф. д-р Горан Петревски

доц. д-р Ѓорѓи Гоцков

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

18

Банкарство

проф. д-р Горан Петревски

доц. д-р Ѓорѓи Гоцков

проф. д-р Климентина Попоска

доц. д-р Елена Наумовска

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Eкономски институт

Економски факултет – Скопје

19

Меѓународни финансии

проф.д-р Владимир Филиповски

доц. д-р Кирил Јовановски

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

20

Јавни финансии

проф. д-р Горан Петревски

проф. д-р Трајко Славески

проф. д-р Снежана Костадиноска

Милошеска

доц. д-р Сузана Макрешанска

Младеновска

доц. д-р Билјана Ташевска

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Eкономски институт

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

21

Корпоративни финансии

проф. д-р Сашо Арсов

проф. д-р Биљана Ангелова

доц. д-р Александар Наумоски

Економски факултет – Скопје

Eкономски институт

Економски факултет – Скопје

22

Холистички и интернет маркетинг

проф. д-р Снежана Ристевска

Јовановска

проф. д-р Анита Циунова – Шулеска

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

23

Стратегии и политика на производ

проф. д-р Снежана Ристевска

Јовановска

проф. д-р Татјана Петковска Мирчевска

доц. д-р Ежени Брзовска

Економски факултет – Скопје

Eкономски институт

Економски факултет – Скопје

24

Методи на маркетинг истражување

доц. д-р Николина Паламидовска

Стерјадовска

Економски факултет – Скопје

25

Однесување на потрошувачите и CRM

проф. д-р Снежана Ристевска

Јовановска

проф. д-р Анита Циунова Шулеска

доц. д-р Ежени Брзовска

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

26

Меѓународен маркетинг и стратегии

проф. д-р Ежени Брзовска

проф. д-р Татјана Петковска

Економски факултет – Скопје

Eкономски институт

27

Управување со маркетинг активностите

проф. д-р Анита Циунова Шулеска

проф. д-р Татјана Петковска Мирчевска

Економски факултет – Скопје

Eкономски институт

28

Економика на претпријатија

проф. д-р Кирил Постолов

проф. д-р Љубомир Дракулевски

проф. д-р Стојан Дебарлиев

доц. д-р Љупчо Ефтимов

доц. д-р Александра Јанеска-Илиев

проф. д-р Зоран Јаневски

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Економски институт

29

Управување со претпријатие во криза

проф. д-р Кирил Постолов

доц. д-р Леонид Наков

доц. д-р Љупчо Ефтимов

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

30

Економија на човечките ресурси

проф. д-р Предраг Трпески

доц. д-р Љупчо Ефтимов

доц.д-р Александра Лозаноска

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Економски институт

 

1. М-р Огнен Фирфов

тема: „Влијанието на користењето на интернетот врз продуктивноста на претпријатијата во Република Македонија”
Ментор: Проф.д-р Љубомир Дракулевски
одбрана: 12.04.2019 година во 1330 часот, Економски факултет – Скопје

2. М-р Благој Серсемов

тема: „Нетрговски бариери во мултиратералниот трговски систем”
Ментор: Проф.д-р Ирена Кикеркова
одбрана: 11.06.2019 година во 1200 часот, Економски факултет – Скопје

3. М-р Марија Пендевска

тема: „Влијанието на менаџментот на знаење врз развојот на иновативноста на претпријатијата во Република Македонија”
Ментор: Проф.д-р Благоја Ѓорѓијовски
одбрана: 13.06.2019 година во 1200 часот, Економски факултет – Скопје

4. М-р Емилија Стојанова Ивановска

тема: „Управување со кредитниот ризик согласно Капиталната Спогодба Базел II – економетриски пристап ”
Ментор: Проф.д-р Весна Буцевска
одбрана: 24.06.2019 година во 1000 часот, Економски факултет – Скопје

5. М-р Катерина Бошевска

тема: „Економските ефекти од легалните и нелегалните начини за избегнување на оданочувањето”
Ментор: Проф.д-р Михаил Петковски
одбрана: 25.06.2019 година во 1200 часот, Економски факултет – Скопје

6. М-р Александар Николовски

тема: „Влијанието на фискалната политика врз економскиот раст и развој – осврт на случајот на Република Македонија”
Ментор: Проф.д-р Пеце Недановски
одбрана: 18.09.2019 година во 1200 часот, Економски факултет – Скопје

7.М-р Александра Наќева Ружин

тема: „Финансиските конгломерати и потребата од интегрирана супервизорска рамка во Република Македонија”

Ментор: Проф.д-р Михаил Петковски

одбрана: 03.01.2020 година во 1100 часот, Економски факултет – Скопје

8. М-р Томислав Шалваринов

тема: „Маркетинг микс-концептот во нафтената индустрија и истражување на побарувачката од нафта како главен енергенс во индустријата и нејзините деривати”

Ментор: Проф.д-р Снежана Р.Јовановска

одбрана: 13.01.2020 година во 0700 часот, Економски факултет – Скопје

Повеќе информации за докторските студии можете да добиете на:

телефон: 02 3286 926 / 02 3286 829
email: violeta.cvetkovska@eccf.ukim.edu.mk

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.