Организациски науки и управување (менаџмент)

Почитувани,

на следните линкови ќе можете да ги погледнете последните информации за студиумот врз основа на акредитации и структура на студиската програма

СТЕПЕН НА ОБРАЗОВАНИЕ

Студиската програма Организациски науки и управување (Менаџмент) организирана од страна на Економски факултет–Скопје, Економски институт–Скопје и Институт за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ е од трет циклус, докторски студии, или VIII ниво според Националната рамка за високообразовните квалификации, односно ниво 8 според Европската рамка за високообразовни квалификации.

ЦЕЛ И ОПРАВДАНОСТ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Експанзивниот развој на потребите од најсовремени знаењата од областа на организациските науки и управување во Република Македонија е особено нагласен во периодот од 90-те години на XX-от век, односно се совпаѓа со периодот на сопственичката трансформација на општествениот и државниот капитал, како и со императивот од стекнување на специјализирани знаења од различните области на менаџментот. Од овој период, неопходноста од стекнување на генерички и специфични знаења, вештини, способности и компетенции ја зголеми важноста на сите нивоа на студии поврзани со организациските науки и управувањето, т.е. на прв, втор и трет циклус на нивното изучување.

Перманентната турбулентноста на условите на стопанисување, особено нагласена од средината на 90-те години на XX-от век денес ја наметнува потребата од конституирање на трет циклус на студии од областа на Организациските науки и управувањето, која ќе овозможи стекнување современи теориски и практични знаења од бројните менаџмент дисциплини, како и да ги оспособи идните доктори на економски науки за практична примена на стекнатите менаџерските искуства при решавање на секојдневните менаџерски проблеми.

Економскиот Факултет – Скопје, Економскиот институт и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје од своето основање континуирано ги следат, развиваат и применуваат најсовремените достигнувања во областа на организациските науки и управувањето, и тоа од теоретски, истражувачко-апликативен и развоен аспект.

Предложенава студиска програма од трет циклус на студии од областа на Организациските науки и управување (Менаџмент) претставува одговор на манифестираните комплексни и динамични промени во деловното окружување во Р. Македонија, во употребата на современите менаџерските техники, постапки и методи, во услови на сé поинтензивно прифаќање на меѓународните менаџерски стандарди на однесување и унапредување на транспарентноста во менувањето на институционалната регулатива.

Со оваа студиска програма на едно место се врши обединување на современите научни сознанија од менаџментот, претприемништвото, менаџмент информациските системи, управување со промените, менаџментот на човечки ресурси, финансискиот менаџмент, стратегискиот менаџмент и други бизнис науки, со што се зголемува ефективноста и ефикасноста на студиите од трет циклус. Впрочем, современите организации денес имаат едновремена потреба од делегирање, децентрализација, фукнционално интегрирани организациски единици, комплементарни тимови, интерактивни односи со човечките ресурси, како хоризонтално, вертикално, така и дијагонално, интегрирање на долгорочните организациски цели со длабоките поттикнувачи за најефикасно однесување од подредените. Нивното изучување целосно се остварува во рамките на оваа студиска програма од трет цисклус на студии.

Ако се има во предвид дека еден од условите за стекнување на менаџерска позиција во сериозен број домашни и меѓународни трговски друштва се знаењата и искуствата од организациските науки и управувањето, сосема е евидентен фокусот на кандидати за запишување на оваа студиска програма и тоа подеднакво од приватниот, јавниот и државниот сектор. Дополнително, како целна група на студиската програма од трет циклус студии се јавуваат и кандидатите кои сакаат да се оспособат за извршување на научноистражувачка и образовна работа на универзитетите и научните институции во Македонија.

Продлабоченото изучување на материјата од областа на организациските науки и управувањето (менаџментот) е стожер во изградбата на способни, мотивирани, претприемчиви и меѓународно интегрирани македонски организации. Оваа материја е исклучително популарна, анализирана и употребувана на огромен број универзитети ширум светот, со што ја стекна сопствената популарност и апликативна ориентираност. Во современата економска мисла од областа на организациските науки и управувањето (менаџментот) се изучуваат најкомплексните, но и најнеопходни современи проблеми на сите форми на организации, независно од нивната дејност, големина, форма на организирање, сопственичка структура, менаџмент информационен систем, пристап во управувањето со промените, стил на лидерство и безброј други. Научниот и апликативен интерес за организациските науки и управувањето најдобро се огледа и преку постоењето голем број научни, стручни и популарни списанија од оваа област, кои секоја година создаваат се поголема база на теоретски, но и апликативно тестирани менаџерски сознанија, особено од нивната употреба во соодветно македонско трговско друштво. Интегрирањето на домашните со најсовремените меѓународни сознанија од оваа област, оваа студиска програма ќе го обезбеди преку пристап и ползување на сознанијата од најреномираните европски и американски списанија, низ базите на податоци JSTORE, EBSCO, EMERALD и останати релевантни извори на печатени информации од областа на организациските науки и управувањето. Со овој пристап се обезбедува споредливост на современоста на домашните со најсовремените знаења, вештини, искуства и способности, од најреномираните европски и светски универзитети на кои се изучува оваа економска област.

ГОДИНИ И СЕМЕСТРИ НА ТРАЕЊЕ НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Студиската програма од трет циклус студии по Организациони науки и управување (Менаџмент) се организира како тригодишна програма која е составена од шест семестри, со што со неа се стекнуваат вкупно 180 кредити.

EKTC КРЕДИТИ СО КОИ СЕ СТЕКНУВА СТУДЕНТОТ

Со завршување на тригодишните универзитетски, докторски студии од трет циклус, студиска програма Организациски науки и управување (Менаџмент), студентот се стекнува со 180 ЕКТС кредити.

НАЧИН НА ФИНАНСИРАЊЕ

Докторските студии се реализираат со самофинансирање на кандидатите. Изворите за самофинансирање на кандидатите може да бидат потпомогнати со стипендии, средства на компании, како и средства кои би се обезбедиле преку други фондови и грантови на меѓународни институции.

Висината на износот, начинот на уплата, како и сите други услови се регулирани со Правилник за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање нa трет циклус на студии на Универзитетот ,,Св Кирил и Mетодиј” во Скопје („Универзитетски гласник“ бр. 245/2013), Правилник за утврдување на износот на трошоците за студирање на третиот циклус на докторски студии на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје и нивна распределба („Универзитетски гласник“ бр. 245/2013), како и со актите на Економскиот факултет, Економскиот институт и Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања во Скопје.

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

Запишувањето на студентите во третиот циклус студии на студиската програма по Организациски науки и управување (Менаџмент) ќе се спроведува врз основа на Конкурс кој го објавува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Постапката за донесување и објавување на конкурсот е утврдена со закон и со Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус на студии на 24 Организациски науки и управување (менаџмент) – Докторски студии 24 Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје. Насловот на конкурсот е: Конкурс за запишување студенти на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (во понатамошниот текст: конкурс).

Конкусот се објавува најмалку 5 месеци пред почетокот на учебната година. Во конкурсот се наведуваат:

  • Студиската програма;
  • Бројот на студенти
  • Условите и критериумите за упис;
  • Износот на школарината и другите давачки;
  • Роковите;
  • Други елементи од значење за конкурсот;
  • Други елементи одредени со закон.

КРИТЕРИУМИ ЗА УПИС

Право на запишување на докторски студии имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и ги исполнуваат следниве основни критериуми:

  • Завршен втор циклус на студии усогласен во Европскиот кредит трансфер систем; во натамошниот текст; ЕКТС);
  • Завршени студиски програми на последипломски студии пред воведувањето на ЕКТС, на кои им се признаваат 60 кредити од областа на обука за истражување и едукација;
  • Стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со остварени најмалку 300 ЕКТС кредити;
  • Остварен просечен успех од сите предмети од претходното високо образование, од најмалку 8,00;
  • Познавање на еден од светските јазици. Доказ за познавање на светски јазик е Сертификат издаден од Филолошкиот Факултет “Блаже Конески“ или меѓународен сертификат или диплома за претходно стекнато образование на соодветниот светски јазик.

За кандидатите кои не ги исполнуваат условите од четвртиот критериум, во зависност од спецификите на научната област, Советот на студиската програма може да утврди дополнителни критериуми за запишување. Соодветноста на претходно завршените студии се утврдува од страна на Советот на студиската програма за докторски студии.

По завршување на конкурсот се објавува прелиминарна ранг-листа на примени кандидати на докторски студии, за секоја студиска програма, односно под-програма поодделно. За кандидатите кои не ги исполнуваат условите за запишување на докторски студии се објавува посебна листа.

Ранг-листата се формира според бодовите кои се пресметуваат врз основа на критериумите утврдени со Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии- докторски студии на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје како и со самиот конкурс. Прелиминарната ранг-листа на примени кандидати како и листата на кандидати кои не ги исполнуваат условите се утврдуваат од страна на Советот на студиската програма.

Роковите за пријавување на кандидатите, за објавување на ранг-листите, за одлучување по приговори и за други елементи поврзани со постапката за запишување, се утврдуваат во конкурсот.

СТРУКТУРА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Третиот циклус на студии, студиска програма Организациски науки и управување (менаџмент), се организира како редовни тригодишни студии, што изнесува 180 ЕКТС-кредити.

Во студиската програма содржани се определен број на предметни програми (наставни предмети), кои се со определен број на кредити, дефинирани во предметните програми.

Студиската програма се состои од:

  1. Обука за истражување, што изнесува 30 ЕКТС-кредити;
  2. Едукација, што изнесува 30 ЕКТС-кредити;
  3. Пријава, изработка и одбрана на докторската дисертација, што изнесува 120 ЕКТС-кредити.

Студиите се организираат во период од 3 години според следниов режим:

  • Прва година (Обука за истражување и едукација) – 60 ЕКТС со кои кандидатот се стекнува со генерички и специфични знаења потребни за изработка на докторската дисертација. Првата година се организира во рамки на 2 семестри.
    • Прв семестар – 30,5 ЕКТС кредити (Табела бр. 1), и тоа:
      • 8 кредити од 2 генерички предмети (од Табела бр. 2 и 2а),

22,5 кредити од предмети во подрачјето и потесната област на истражување (од Табела бр. 3);

  • Во првиот семестар студентите полагаат двата задолжителни предмети од листата на генерички предмети чија реализација се одвива на Школата за докторски студии;
  • Задолжителни предмети се (Табела бр. 2):
    • 1) Научно-истражувачка етика со примена и примери во подрачјето на организациските науки и управувањето – 4 кредити;
    • 2) Методологија на научно-истражувачка работа со примена и примери во подрачјето на организациските науки – 4 кредити.
  • Изборни предмети: Во текот на првиот семестар студентот полага 3 предмети од листата предмети во подрачјето и потесната област на истражување според препорака на менторот избран од страна на кандидатот (Табела бр. 3). Секој од овие предмети носи по 7,5 ЕКТС – кредити.
  • Втор семестар – 29,5 ЕКТС кредити

Во вториот семестар кандидатот избира еден предмет од листата на предложени предмети за стекнување на генерички знаења усвоена од Школата за докторски студии при Универзитетот ,,Св Кирил и Mетодиј” во Скопје (Табела бр. 2a), кој носи 4 кредити.

Во вториот семестар кандидатот избира и еден предмет од подрачјето и потесната област на истражување според препорака на менторот избран од страна на кандидатот (Табела бр. 3).

Покрај ова, во вториот семестар кандидатот треба да освои и дополнителни 18 кредити од учество на докторски семинар со презентација (2 кредити), годишна конференција со презентација на извештај (2 кредити) и самостојно истражување (14 кредити).

Вкупната оптовареност на студентот за стекнување на 7,5 ЕКТС – кредити изнесува 225 часа од кои: 70 часа се директни контакт часови настава и вежби, 100 часа се проектни и самостојни задачи, а останатите 55 часа се самостојно учење.

Структурата на студиската програма Организациски науки и управување (менаџмент) на трет циклус на студии е дадена во Табела 1.

 

Табела бр 1: Структура на студиската програма

I ГОДИНА

БРОЈ НА КРЕДИТИ

Прв семестар

Научно-истражувачка етика со примена и примери во подрачјето на организациските науки и управувањето (Предмет за стекнување генерички знаења)

4 ЕКТС кредити

Методологија на научно-истражувачката работа со примени и примери во подрачјето на организациските науки (Предмет за стекнување генерички знаења)

4 ЕКТС кредити

Изборен предмет од полето и областа на истражување

7,5 ЕКТС кредити

Изборен предмет од полето и областа на истражување

7,5 ЕКТС кредити

Изборен предмет од полето и областа на истражување

7,5 ЕКТС кредити

Вкупно

30,5 ЕКТС кредити

Втор семестар

Изборен предмет од листата на предложени предмети за стекнување на генерички знаења усвоена од Школата за докторски студии при Универзитетот ,,Св Кирил и Mетодиј”

4 ЕКТС кредити

Изборен предмет од полето и областа на истражување

7,5 ЕКТС кредити

Докторски семинар со презентација

2 ЕКТС кредити

Истражување (за подготовка на тема за докторска дисертација)

14 ЕКТС кредити

Годишна конференција со јавна презентација на извештај

2 ЕКТС кредити

Вкупно

29,5 ЕКТС кредити

II ГОДИНА

БРОЈ НА КРЕДИТИ

Трет семестар

Истражување, подготвување и поднесување на пријавата на темата за докторската дисертација

28 ЕКТС кредити

Докторски семинар

2 ЕКТС кредити

Вкупно

30 ЕКТС кредити

Четврти семестар

Работилница од истражувачката практика

3 ЕКТС кредити

Истражување и објавување резултати

25 ЕКТС кредити

Годишна конференција со јавна презентација на извештај

2 ЕКТС кредити

Вкупно

30 ЕКТС кредити

III ГОДИНА

БРОЈ НА КРЕДИТИ

Петти семестар

Истражување и објавување резултати

28 ЕКТС кредити

Докторски семинар

2 ЕКТС кредити

Вкупно

30 ЕКТС кредити

Шести семестар

Работилница од истражувачката практика

3 ЕКТС кредити

Истражување и пишување на тезата

25 ЕКТС кредити

Годишна конференција со јавна презентација на извештај

2 ЕКТС кредити

Вкупно

30 ЕКТС кредити

Табела бр. 2: Задолжителни предмети за стекнување генерички знаења

Предмет

Наставник

Институција

ЕКТС кредити

Методологија на научно истражувачка работа со примена и примери во подрачјето на организациски науки

Проф. д-р Виолета Панзова

Проф. д-р Верица Јанеска

Проф. д-р Марија Ацковска

Доц. д-р Марија Топузовска Латковиќ

УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски институт

УКИМ/ИСПИИ

4 ЕКТС

Научноистражувачка етика со примена и примери во подрачјето на организациски науки и управување

Проф. д-р Леонид Наков

(Професор од друга единица на УКИМ)

УКИМ/Економски факултет

4 ЕКТС

Табела бр. 2а: Листата на предложени предмети за стекнување генерички знаења, усвоена од Школата за докторски студии на УКИМ

Предмет

ЕКТС кредити

Наставник

Институција

Економетриски модели

4 ЕКТС

Проф. д-р Весна Буцевска

Економски факултет – Скопје

Операциони истражувања

4 ЕКТС

Проф. д-р Благородна Тодосиоска

Доц. д-р Виолета Цветкоска

Економски факултет – Скопје

Економски факултет – Скопје

Статистика за бизнис и економија

4 ЕКТС

Проф. д-р Славе Ристески

Економски факултет – Скопје

Квантитативни методи на економска анализа

4 ЕКТС

Проф. д-р Александар Стојков

Правен факултет – Скопје

Претприемништво и иновации

4 ЕКТС

Академик д-р Таки Фити

Проф. д-р Зоран Јаневски

Проф. д-р Стојан Дебарлиев

Доц. д-р Весна Забијакин Чатлеска

Економски факултет – СкопјеЕкономски институт

Економски факултет – СкопјеИСППИ

 

 

Табела бр. 3: Листата на изборни предмети на студиската програма од трет циклус студии по Организациски науки и управување (менаџмент)

МГТ

Листа на предмети

Бр. на кредити

Наставен кадар

Институција

1

Tеорија на организација

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Кирил Постолов

УКИМ/Економски факултет-Скопје

2

Бизнис менаџмент

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Бобек Шуклев

Проф. д-р Стојан Дебарлиев

Доц. Катерина Хаџи Наумова Михајловска

Доц. д-р Весна Забијакин Чатлеска

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски институт-Скопје УКИМ/ИСППИ

3

Стратешки менаџмент

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Љубомир Дракулевски

УКИМ/Економски факултет-Скопје

4

Финансиски менаџмент

7,5 ЕКТС

Проф. д-р р Сашо Арсов

Проф. д-р Методија Несторовски

Проф. д-р Биљана Ангелова

Проф. д-р Неда Петроска – Ангеловска

Проф. д-р Александар Наумоски

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски факултет-Скопје

5

Меѓународен менаџмент

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Љубомир Дракулевски

Проф. д-р Васил Поповски

Проф. д-р Александра Јанеска Илиев

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски факултет-Скопје

6

Tеорија на oдлучување

7,5 ЕКТС

Проф. Д-р Благоја Ѓорѓијовски

Проф. Д-р Благородна Тодосиоска

Доц. д-р Елена Давитковска

Проф. д-р Никола Левков

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски факултет-Скопје

7

Менаџмент на човечки ресурси

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Мирјана Борота Поповска

Проф. д-р Верица Јанеска

Доц.д-р Ирина Мајовски

УКИМ/ИСППИ УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски институт

8

Менаџмент на промени

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Леонид Наков

Проф. д-р Кирил Постолов

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

9

Организациско однесување

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Љубомир Дракулевски,

Проф. д-р Васил Поповски

Доц. д-р Марија Топузовска Латковиќ

Проф. д-р Александра Јанеска Илиев

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски институт УКИМ/ИСППИ УКИМ/Економски факултет-Скопје

10

Деловно планирање

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Стојан Дебарлиев

Проф. д-р Диана Бошковска

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски институт

11

Наука за одлучување (квантитативни методи и модели)

7,5 ЕКТС

Проф. Д-р Благородна Тодосиоска

Проф. д-р Виолета Цветкоска

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

12

Корпоративно управување

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Бобек Шуклев

Проф. д-р Сашо Арсов Проф. д-р Владимир Филиповски

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

13

Менаџмент информациони системи

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Благоја Ѓорѓијовски

Проф. д-р Никола Левков

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

14

Менаџмент на мал бизнис

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Бобек Шуклев

Проф. д-р Васил Поповски

Проф. д-р Наташа Данилоскa

Проф.д-р Марија Ацковска

Доц. д-р Катерина Хаџи Наумова Михајловска

Проф. д-р Александра Јанеска Илиев

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски институт-Скопје УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски факултет-Скопје

15

Бизнис етика

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Леонид Наков

Проф.д-р Мирјана Борота Поповска

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/ИСППИ

16

Менаџмент на знаење и организациско учење

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Благоја Ѓорѓијовски

Проф. д-р Никола Левков

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

17

Корпоративно финансиско известување

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Зоран Миновски

Проф. д-р Атанаско Атанасовски

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

18

Сметководство на менаџментот

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Зоран Миновски

Проф. Д-р Билјана Ангелова

Проф. д-р Марина Трпеска

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски Институт-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

19

Ревизија и услуги на уверување

7,5 ЕКТС

Проф. Д-р Зорица Божиновска Лазаревска

Проф. д-р Атанаско Атанасовски

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

20

Методи за истражувања во сметководството

7,5 ЕКТС

Проф. Д-р Зорица Божиновска-Лазаревска

Проф. д-р Марина Трпеска

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

21

Компаративни индустриски односи

7,5 ЕКТС

Проф.д-р Анета Цекиќ

Доц. д-р Бојана Наумовска

УКИМ/ИСППИ УКИМ/ИСППИ

22

Квалитет на работен живот

7,5 ЕКТС

Доц. д-р Марија Топузовска Латковиќ

УКИМ/ИСППИ

23

Флексибилизации на пазари на труд

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Славејко Сасајковски

Проф. д-р Предраг Трпески

Доц. д-р Александра Лозановска

УКИМ/ИСППИ УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски институт

24

Администрација, бизнис и човекови права – развој на европско законодавство и пракса

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Мирјана Најчевска

Доц.д-р Елена Давитковска

УКИМ/ИСППИ УКИМ/Економски институт

25

. Динамика на работни групи

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Елеонора Серафимовска

Проф. д-р Маријана Марковиќ

УКИМ/ИСППИ УКИМ/ИСППИ

26

Стратегиски менаџмент на човечки ресурси

7,5 ЕКТС

Проф д-р Мирјана Борота Поповска

Проф. д-р Предраг Трпески

Доц. д-р Ирина Мајовски

Проф. д-р Љупчо Ефтимов

УКИМ/ИСППИ УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски факултет-Скопје

27

Маркетинг менаџмент

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Татјана Петковска

Проф. д-р Татјана Петковска Мирчевска Проф. д-р Анита Циунова Шулеска

УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски факултет-Скопје

28

Стратегии на производ и бренд

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Татјана Петковска Мирчевска Проф. д-р Татјана Петковска

Проф. д-р Ежени Брзовска

УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски факултет-Скопје

29

Дизајнирање и управување со интегрираните маркетинг канали

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Татјана Петковска

Проф.д-р Лидија Пулевска Ивановска

Проф. д-р Димитар Јовевски

УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

30

Дизајнирање и управување со интегрираните маркетинг комуникации

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Татјана Петковска Мирчевска Проф.д-р Анита Циунова Шулевска

УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски факултет-Скопје

31

Стратегии и програми за формирање на цените

7,5 ЕКТС

Проф. Д-р Неда Петровска Ангеловска

Проф. д-р Даниела Мамучевска

УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски факултет-Скопје

32

Истражување на пазарот и МИС

7,5 ЕКТС

Проф.д-р Снежана Ристевска Јовановска

Проф. д-р Николина Паламидовска Стеријадовска

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

33

. Претприемништво

7,5 ЕКТС

Акад. д-р Таки Фити

Проф. д-р Зоран Јаневски

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски институт

34

Политики за поддршка на претприемништвото и МСП

7,5 ЕКТС

Акад. д-р Таки Фити

Проф. Д-р Билјана Ташевска

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

35

Банкарски менаџмент

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Климентина Попоска

УКИМ/Економски институт

36

Меѓународен менаџмент на човечки ресурси

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Љупчо Ефтимов

УКИМ/Економски факултет-Скопје

37

Дизајнирање на бизнис процеси

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Сашо Јосимовски

Проф д-р Калина Треневска Благоева

Проф. д-р Марина Мијоска Белшоска

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

38

Моделирање на напредни е-бизнис решенија

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Сашо Јосимовски

Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска

Проф. д-р Мартин Михајлов

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

39

Е-Влада

7,5 ЕКТС

Проф д-р Калина Треневска Благоева

Проф. д-р Сашо Јосимовски

Проф. д-р Зоран Јаневски

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски институт

40

Електронски менаџмент на синџирот на снабдување

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска

Проф. д-р Димитар Јовевски

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

41

Иновативни технологии за менаџмент со информациони ресурси

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Мијалче Санта

УКИМ/Економски факултет-Скопје

42

. Инвестиционен и портфолио менаџмент

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Методија Несторовски

Проф. д-р Сашо Арсов Проф. д-р Владимир Филиповски

Проф. д-р Диана Бошковска

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски институт

43

Спојување и преземање

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Биљана Ангелова

Проф. д-р Силвана Мојсовска

Проф. Д-р Борче Давитковски

Проф. Д-р Ана Павловска Данева

УКИМ/Економски институт УКИМ/Економски институт УКИМ/Правен факултет-Скопје УКИМ/Правен факултет-Скопје

44

Менаџирање на перформансите и системи за наградување

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Јорде Јакимовски

Проф. д-р Љупчо Ефтимов

УКИМ/ИСППИ УКИМ/Економски факултет-Скопје

45

Менаџмент во осигурувањето

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Драге Јанев

Проф. д-р Игор Ивановски

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

46

Менаџерски прашања и предизвици во имплементацијата на ERP

7,5 ЕКТС

Проф. д-р Калина ТреневскаБлагоева

Проф. д-р Мијалче Санта

УКИМ/Економски факултет-Скопје УКИМ/Економски факултет-Скопје

 

Одбрани на докторски дисертации

          1.  М-р Огнен Фирфов

     тема: „Влијанието на користењето на интернетот врз продуктивноста на претпријатијата во Република Македонија”
     Ментор: Проф.д-р Љубомир Дракулевски
     одбрана:  12.04.2019 година во 1330 часот, Економски факултет – Скопје

           2.  М-р Благој Серсемов

     тема: „Нетрговски бариери во мултиратералниот трговски систем”
     Ментор: Проф.д-р Ирена Кикеркова
     одбрана:  11.06.2019 година во 1200 часот, Економски факултет – Скопје

           3.  М-р Марија Пендевска

     тема: „Влијанието на менаџментот на знаење врз развојот на иновативноста на претпријатијата во Република Македонија”
     Ментор: Проф.д-р Благоја Ѓорѓијовски
     одбрана:  13.06.2019 година во 1200 часот, Економски факултет – Скопје

           4.  М-р Емилија Стојанова Ивановска

     тема: „Управување со кредитниот ризик согласно Капиталната Спогодба Базел II – економетриски пристап ”
     Ментор: Проф.д-р Весна Буцевска
     одбрана:  24.06.2019 година во 1000 часот, Економски факултет – Скопје

           5.  М-р Катерина Бошевска

     тема: „Економските ефекти од легалните и нелегалните начини за избегнување на оданочувањето
     Ментор: Проф.д-р Михаил Петковски
     одбрана:  25.06.2019 година во 1200 часот, Економски факултет – Скопје

6.  М-р Александар Николовски

    тема: „Влијанието на фискалната политика врз економскиот раст и развој – осврт на случајот на Република Македонија”
     Ментор: Проф.д-р Пеце Недановски
     одбрана:  18.09.2019 година во 1200 часот, Економски факултет – Скопје

7.М-р Александра Наќева Ружин

    тема: „Финансиските конгломерати и потребата од интегрирана супервизорска рамка во Република Македонија” 

     Ментор: Проф.д-р Михаил Петковски

     одбрана: 03.01.2020 година во 1100 часот, Економски факултет – Скопје

8. М-р Томислав Шалваринов

   тема: „Маркетинг микс-концептот во нафтената индустрија и истражување на побарувачката од нафта како главен енергенс во индустријата и нејзините деривати”

   Ментор: Проф.д-р Снежана Р.Јовановска

   одбрана: 13.01.2020 година во 0700  часот,  Економски факултет – Скопје

  

Повеќе информации за докторските студии можете да добиете кај Виолета Цветковска, референт за трет циклус на студии.
телефон: 02 3286 926 02 3286 829
email: violeta.cvetkovska@eccf.ukim.edu.mk

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.