Втор циклус – Упис на зимски семестар 2025/2026

УПИС  НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2025/2026
од 15- 19.9.2025 година од 11,00 до 14,00 часот во Службата за втор циклус на студии

 

Почитувани,

Ве информираме дека во системот iknow e креиран зимскиот семестар 2025/2026 година и сите студенти кои се запишале во вториот  уписен рок или имаат предмети за презапишување во зимскиот семестар, пред да дојдат во службата треба задолжително да  направат online упис.

Уписот е реализиран со поднесување на потребните документи во службата:

  1. Образец за упис на семестар
  2. Индекс

 

  1. За студентите кои за прв пат имаат запишано летен семестар во вториот уписен рок 2024/2025 година, потребно е да извршат уплата од 500 евра во денарска противвредност по среден курс на Народна банка, уплатени на жиро сметката на Економски факултет – Скопје.

 

  1. За студентите кои за прв пат имаат запишано летен семестар во вториот уписен рок 2024/2025 година, само за студиумот по MBA in Strategic Human Resource Management потребно е да извршат уплата од 750 евра во денарска противвредност по среден курс на Народна банка, уплатени на жиро сметката на Економски факултет – Скопје.

 

Уплатата се врши на                                     Образец ПП  50

Назив на примачот                                       Економски факултет-Скопје

Банка на примачот                                        НБРМ

Сметка                                                            100000000063095

Сметка на буџетски корисник                     1600103697 788 10

Приходна шифра  и програма                     723019               41

 

Во Повикување на број-задолжување од левата страна на уплатата се потполнува Името на студиумот и целта на уплатата

723019 / 1 за Сметководство и ревизија

723019 / 2 за Европски студии

723019 / 4 за Маркетинг

723019 / 6 за Монетарна економија, финансии и банкарство

723019 / 8 за МБА Менаџмент

723019 / 9 за Економски развој и меѓународни финансии

723019 / 10 за Менаџмент во осигурувањето

723019 / 11 за Управување во јавен сектор

723019 / 12 за Статистички методи за бизнис и економија

723019 / 13 за Е-бизнис менаџмент

723019/  14 за Стратегиски менаџмент на човечки ресурси

723019 / 15 за Корпоративен финансиски менаџмент

723019 / 16 за MBA in Strategic human resource management

  1. Потврди за уплата на:

1000,00 денари (прва рата) за: набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми во текот на еден семестар

1000,00 денари (прва рата) за: набавка на online ресурси за реализација на студиските програми во текот на еден семестар

Уплатите од точка 2 треба да се извршат на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

– Банка на примачот: НБРМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103697  788  10

– Приходна шифра: 723013

– Програма 41

  1. 5. За студентите кои треба да презапишат предмет, надоместокот кој се уплаќа за презапишување на предмет е еднаков на бројот на ЕКТС кредити кои ги носи соодветниот предмет кој се презапишува помножен по 33,33 евра во денарска противредност. Вредноста на еден ЕКТС кредит се добива кога вкупната вредност (2.000 евра) на студирањето ќе се подели со бројот на ЕКТС кредити кои се остваруваат со завршување на вториот циклус на студии (60).

Уплатата се врши на                               Образец ПП  50

Назив на примачот                                 Економски факултет-Скопје

Банка на примачот                                  НБРМ

Сметка                                                      100000000063095

Сметка на буџетски корисник               1600103697 788 10

Приходна шифра  и програма               723013               41

 

  1. Студентите кои ќе полагаат испити од летниот семестар во сесијата во јануари,  треба да направат online упис на празен зимски семестар 2025/2026, со уплата на  надомест од 1000 денари на Факултетската жиро сметка.

 

Уплатата се врши на                                     Образец ПП  50

Назив на примачот                                       Економски факултет-Скопје

Банка на примачот                                        НБРМ

Сметка                                                            100000000063095

Сметка на буџетски корисник                     1600103697 788 10

Приходна шифра  и програма                     723013               41

 

ВАЖНО!

Доколку не сте биле активни во iкnow системот повеќе од 30 дена, лозинката се сметa за застарена и потребно е да креирате нова лозинка на Заборавена лозинка

Секое непочитување на дадениот термин, повлекува надомест за задоцнет упис!

Со почит,
Економски факултет – Скопје

 

Comments are closed.
75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.