fbpx

Е-Бизнис менаџмент - едногодишни студии (студиска програма 2017/2018)

  Мисијата на студиската програма по Е-бизнис менаџмент е едуцирање на високо-образовни стручни кадри кои ќе ги следат и применуваат технолошките иновации и ИКТ во економијата и бизнисот, како и оспособување на професионалци од областа на е-бизнисот за управување и решавање на истражувачки и апликативни проблеми во е-бизнис окружување. Трендовите на функционирање на модерното бизнис окружување и неговите потреби создаваат потреба од нови дигитални вештини, кои ќе се развијат врз основа на користењето на информациско-комуникациските технологии. Дигиталната трансформација на организациите става акцент на е-бизнисот, при што е потребен високо-обучен кадар од оваа област на стратешко ниво за успешно функционирање.

  Студиската програма од втор циклус студии по Е-бизнис менаџмент која се предлага со овој елаборат има за цел да им овозможи на студентите стекнување на специјализирани знаења и вештини од областа на е-бизнисот и развој на аналитички и менаџерски способности неопходни за успешно управување на претпријатијата во глобално дигитализирано окружување. Преку трансфер на искуства за современите светски практики на водење на е-бизнис, студентите на академските магистерски студии по Е-бизнис менаџмент ќе бидат оспособени успешно да управуваат конкурентни претпријатија од приватниот и од јавниот сектор во услови на интензивно користење на ИКТ.

Подготовката на студиската програма е базирана на детална анализа на пазарните индикатори, како и потребите на општеството на локално ниво и глобално ниво. Студиската програма е структуирана со цел да овозможи стекнување на релевантни знаења, вештини и квалификации од пошироката област на е-бизнисот, како и да овозможи висока специјализација на кадри според потребите на пазарот. Имплементацијата на е-бизнис решенија на пазарот покажува значителен раст, особено во последните неколку години преку настани на светско ниво кои ја поттикнаа потребата за забрзана дигитална трансформација на организациите.

Преку студиската програма ќе се овозможи продлабочување на постоечките знаења на студентите од областа на е-бизнисот, како и квалификување за новите работни места на пазарот базирани на бизнис ИКТ технологии, преку стекнување на нови компетенции и специфични вештини. Трендот на раст на е-бизнисот се очекува да продолжи со стабилен раст во иднина, при што побарувачката за овие кадри се очекува да се зголеми.

Со комплетирањето на студиската програма, магистрираните студенти уживат голем број на предности на пазарот на труд, базирајќи се на нивната специјализација за ново и модерно поле, кое ќе им овозможи и понатамошен развој во кариерата.

Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 510 Дизајнирање на бизнис процеси во е-бизнис 40 7,00 Проф. д-р Калина Треневска Благоева Проф. д-р Марина Мијоска
EBU 560 Бизнис информациски системи 40 7,00 Проф. д-р Сашо Јосимовски
EBU 550 Менаџмент на синџирот на снабдување 40 7,00 Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска
Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU Магистерски труд 16,00
Зимски
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 590 Модерни технологии за е-бизнис 40 7,00 Проф. д-р Сашо Јосимовски Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска
EBU 530 Интернет маркетинг апликации и алатки 40 7,00 Проф. д-р Димитар Јовевски
Изборен предмет од листата на УКИМ
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 580 Оперативна стратегија 40 7,00 Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска
EBU 520 Е-влада 40 7,00 Проф. д-р Калина Треневска Благоева Проф. д-р Марина Мијоска
EBU 570 Менаџмент со информациски технологии 40 7,00 Проф. д-р Сашо Јосимовски
EBU 540 Глобални информациски инфраструктури 40 7,00 Проф. д-р Мијалче Санта
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.