fbpx

Известување за годишна конференција за трет циклус студии

Почитувани,

Согласно Академскиот календар на Школата, годишните конференции во летниот семестар 2019/20 година определено е да се одвиваат во временскиот период од 20.4 до 5.5.2020 година.

 

Замолуваме, пријавите за годишната конференција од вашата студиска програма да ги доставите до службата за трет циклус студии заклучно со 09.3.2020 година. И тоа потсетуваме:

 

– За студентите на трет циклус докторски студии кои се пријавуваат за годишна конференција во втор семестар, конференцијата во вториот семестар опфаќа критички преглед на постојната литература што се однесува на определен проблем на истражување и можни насоки за изработката на докторскиот труд (за студенти кои се запишале по Конкурсот 2019/20, согласно новиот Правилник);

 

–  Докторандите кои се пријавуваат за годишна конференција од четврти/шести семестар треба да достават Пријава, Труд, Рецензија за трудот;

 

–  Докторандите семинарот од трети односно петти семестар го пријавуваат и реализираат во склоп на студиската програма.

 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.