fbpx

Известување за постапката на поднесување документи на кандидатите за упис во ПРВА година на студии во учебната 2020/2021 година

Детално известување за упис во ПРВА година на студии во учебната 2020/2021 година

ЛИНК

Поднесување документи на кандидатите за упис во ПРВА академска година во учебната 2020/2021

 

Почитувани кандидати,

 

Сите кандидати кои немале можност да обезбедат образец за запишување А1, истиот можат да го симнат тука – треба да го испечатат, потпишат, скенираат и прикачат во Iknow  и на посочената е-адреса. Примените кандидати при запишувањето треба да достават оригинален образец за запишување кој го има во книжарата на факултетот.

 

 

Како што и претходно беше испратено на е-маил кај секој кандидат кој аплицирал за упис на Економски факултет  – Скопје во учебната 2020/2021 година, Ви доставуваме информација со е-маил адресата каде што треба да ги прикачите документите за упис. Потребни документи за прикачување се и оние документи кој треба да ги прикачите во рамки на upisi(iKnow) системот каде што електронски сте аплицирале за упис.

upisi-ef@ukim.edu.mk

Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите треба да го вметнат  исклучиво единствениот број на пријава кој го добиле од Upisi(iKnow) системот.

Со почит, 

Економски Факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.