Известување за студентите од прва година: ЗАДОЛЖИТЕЛЕН СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕД

Сите студенти запишани по прв пат во прва година, задолжително треба да поминат систематски преглед во З.У. Поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, која е сместена во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, во периодот од 01.11 -15.11.2019 год. од 7:30-12:00 ч.

НАПОМЕНА: согласно Одлуката на Советот на Универзитетот, студентите за да можат да го заверат зимскиот семестар задолжително треба да имаат печат за извршен систематски преглед.

потребни документи:

– индекс

– заверена здравствена легитимација

– копија од здравствената легитимација од 2-та до 5-та страна

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.