Погодност за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии – учебна 2026/2027 година
⏳ Рок за пријавување: најдоцна до 19.10.2026 годинаИнтерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2026/2027 година.
Студенти кои запишале зимски семестар на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година, се државјани на Република Северна Македонија и имаат само еден родител со родителско право (апликант).
Статусот се потврдува на еден од следниве начини: само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените, починат родител, или родител кој го загубил родителското право.
Важно: Студентите кои го запишуваат последниот семестар по втор пат и повеќе, немаат право да ја користат оваа погодност.
Кандидатите најпрво пополнуваат пријава преку соодветната електронска апликација, според статусот:
Апликација за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител (26/27). Во пријавата се наведува просечен успех од положените испити.
Пополни апликацијаАпликација за НОВОЗАПИШАНИ студенти чие родителско право го врши само еден родител (26/27). Во пријавата се наведува вкупен број поени според Конкурсот.
Пополни апликацијаСо пријавата, апликантите ги доставуваат и следниве документи:
Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството, за последната исплатена плата.
Своерачно напишана и потпишана изјава за бројот на членови на семејството (доколку апликантот има брат или сестра, да достави доказ – копија од извод од матична книга на родени).
За корисници на социјална помош – последно решение/потврда од центарот за социјални работи.
За пензионирани членови на семејството – документ за висина на пензија.
Пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидатот – се смета како месечен приход.
За родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд.
За починат родител – извод од матичната книга на умрените.
Со почит, Економски факултет – Скопје
Пријави и документација: prijava@eccf.ukim.edu.mk • Прашања: administrator@eccf.ukim.edu.mk
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани