Интерен оглас – еднородителски семејства

Погодност за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии – учебна 2026/2027 година

⏳ Рок за пријавување: најдоцна до 19.10.2026 година

Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2026/2027 година.

Право на апликација имаат

Студенти кои запишале зимски семестар на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година, се државјани на Република Северна Македонија и имаат само еден родител со родителско право (апликант).

Статусот се потврдува на еден од следниве начини: само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените, починат родител, или родител кој го загубил родителското право.

Важно: Студентите кои го запишуваат последниот семестар по втор пат и повеќе, немаат право да ја користат оваа погодност.

Начин на пријавување

Кандидатите најпрво пополнуваат пријава преку соодветната електронска апликација, според статусот:

1

За студенти од повисоките години

Апликација за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител (26/27). Во пријавата се наведува просечен успех од положените испити.

Пополни апликација
2

За новозапишани студенти (бруцоши)

Апликација за НОВОЗАПИШАНИ студенти чие родителско право го врши само еден родител (26/27). Во пријавата се наведува вкупен број поени според Конкурсот.

Пополни апликација
Скенираната целокупна документација се испраќа на е-пошта prijava@eccf.ukim.edu.mk

Потребни документи (во PDF формат)

Со пријавата, апликантите ги доставуваат и следниве документи:

1

Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството, за последната исплатена плата.

2

Своерачно напишана и потпишана изјава за бројот на членови на семејството (доколку апликантот има брат или сестра, да достави доказ – копија од извод од матична книга на родени).

3

За корисници на социјална помош – последно решение/потврда од центарот за социјални работи.

4

За пензионирани членови на семејството – документ за висина на пензија.

5

Пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидатот – се смета како месечен приход.

6

За родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд.

7

За починат родител – извод од матичната книга на умрените.

Важни рокови

до 19.10.2026 Краен рок за пријавувањеПријава и скенирана документација на prijava@eccf.ukim.edu.mk
до 22.10.2026 Објавување ранг-листиНа интернет страницата на факултетот
до 30.10.2026 Рок за приговорПо објавените ранг-листи; Комисијата одговара во рок од 5 работни дена
до 9.11.2026 Конечна ранг-листаОбјавена од Комисијата на единицата

Со почит, Економски факултет – Скопје

Пријави и документација: prijava@eccf.ukim.edu.mk  •  Прашања: administrator@eccf.ukim.edu.mk

Документ

Отвори
Се вчитува документот…
Документот се вчитува побавно од вообичаено. Отвори во нов таб