fbpx

Конкурс за ТРЕТ циклус студии со список на слободни ментори 2022/23

Почитувани,

Конкурсот за запишување на студенти на трет циклус студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2022/2023 година е објавен и истиот е достапен на следниот линк:

https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs_III_ciklus_2022-23.pdf

УСЛОВИ И НАЧИН НА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ:

На докторски студии можат да се запишат лица кои завршиле соодветни академски студии и кои ги исполнуваат следниве основни услови:

  • завршени втор циклус академски студии со стекнати најмалку 300 ЕКТС-кредити од првиот и вториот циклус студии збирно;
  • завршени постдипломски студии на студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити за организирана академска обука и предавања и друг вид комуникациски активности;
  • стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со стекнати најмалку 300 ЕКТС-кредити, или со завршени интегрирани студии со 360 кредити;
  • остварен просечен успех од претходно завршеното образование (прв и втор циклус студии посебно, односно на интегрираните студии), од најмалку 8,00;
  • познавање на англиски јазик и стекнат сертификат/уверение за познавање на англиски јазик.

Рокови за пријавување и запишување на кандидатите

Рок за пријавување и запишувањеПрв уписен рокВтор уписен рок
Пријавување на кандидатите19.9.2022 – 7.10.202212.12.2022 – 23.12.2022
Објавување прелиминарни листи14.10.202228.12.2022
Одлучување по приговори20.10.202210.1.2023
Објавување конечни листи24.10.202217.1.2023
Запишување на кандидатите26.10.2022 – 4.11.202223.1.2023 – 27.1.2023

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

  • пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/SSDS/O1-PK-Prijaven-list-za-konkuriranje.docx
  • првична согласност на ментор од листата на ментори https://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/SSDS/O2-PSM-Prvichna-soglasnost-na-mentor.docx
  • писмо за мотивација со назначување на областа на истражување;
  • кратка биографија;
  • уверение за положени испити од прв циклус студии, односно од додипломски студии;
  • уверение за положени испити од втор циклус студии, односно од постдипломски студии;
  • диплома од прв циклус студии, односно од додипломски студии;
  • диплома од втор циклус студии, односно од постдипломски студии;
  • сертификат/уверение за познавање на англиски јазик. Познавање на англиски јазик, што се докажува со уверение или сертификат издаден од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за ниво Б2 според Европската јазична рамка на Сoветот на Европа, меѓународен сертификат за истото ниво издаден од официјален европски тестатор, утврден со конкурсот или диплома за претходно стекнато образование – додипломски студии (прв циклус) и/или постдипломски студии (втор циклус) каде што студиската програма се изведувала на англиски јазик.
  • кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус студии – докторски студии, како и еквиваленција на оценките, доколку системот на оценување е различен од Република Северна Македонија.

ОРГАНИЗАЦИСКИ НАУКИ И УПРАВУВАЊЕ (МЕНАЏМЕНТ)

 

МенторСтудиска потпрограмаСлободни места
Проф.д р Анита Циунова ШулескаОрганизациски науки и управување (менаџмент)1
Проф.д р Снежана Ристевска ЈовановскаОрганизациски науки и управување (менаџмент)2
Проф.д-р Лидија Пулевска ИвановскаОрганизациски науки и управување (менаџмент)1
Проф.д-р Сашо ЈосимовскиОрганизациски науки и управување (менаџмент)2
Проф. д-р Ежени БрзовскаОрганизациски науки и управување (менаџмент)2
Проф.д-р Игор ИвановскиОрганизациски науки и управување (менаџмент)1
Проф.д-р Мијалче СантаОрганизациски науки и управување (менаџмент)3
Проф.Александра Ј.ИлиевОрганизациски науки и управување (менаџмент)2
Проф.д-р Кирил ПостоловОрганизациски науки и управување (менаџмент)3
Проф.д-р Стојан ДебарлиевОрганизациски науки и управување (менаџмент)1
Проф.д-р Никола ЛевковОрганизациски науки и управување (менаџмент)3
Проф.д-р Предраг ТрпескиОрганизациски науки и управување (менаџмент)1
Проф.д-р Зорица Божиновска ЛазаревскаОрганизациски науки и управување (менаџмент)1
Проф.д-р Љупчо ЕфтимовОрганизациски науки и управување (менаџмент)1
Вкупно слободни места/24

ЕКОНОМСКИ НАУКИ

 

МенторСтудиска потпрограмаСлободни места
Проф.д р Таки ФитиЕкономски науки1
Проф.д р Горан ПетревскиЕкономски науки2
Проф.д р Снежана Ристевска ЈовановскаЕкономски науки2
Проф.д р Ирена КикерковаЕкономски науки3
Проф.д р Љубомир КекеновскиЕкономски науки1
Проф.д р Анита Циунова ШулескаЕкономски науки1
Проф.д-р Кирил ЈовановскиЕкономски науки1
Проф. д-р Ежени БрзовскаЕкономски науки2
Проф.д-р Игор ИвановскиЕкономски науки1
Проф.д-р Ѓорѓи ГоцковЕкономски науки2
Проф.д-р Александра Ј. ИлиевЕкономски науки2
Проф.д-р Кирил ПостоловЕкономски науки3
Проф.д-р Стојан ДебарлиевЕкономски науки1
Проф.д-р Предраг ТрпескиЕкономски науки1
Проф.д-р Зорица Божиновска ЛазаревскаЕкономски науки1
Проф.д-р Трајко СлавескиЕкономски науки1
Проф.д-р Љупчо ЕфтимовЕкономски науки1
Вкупно слободни места/26

СТАТИСТИЧКИ МЕТОДИ ЗА БИЗНИС И ЕКОНОМИЈА

 

МенторСтудиска потпрограмаСлободни места
Проф.д-р Весна БуцевскаСтатистички методи за бизнис и економија2
Проф.д-р Марија Трпкова НесторовскаСтатистички методи за бизнис и економија3
Вкупно слободни места/5
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.