fbpx

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ЗА АНГАЖМАН ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

 

ПОВИК

ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ЗА АНГАЖМАН

ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

во

Одделот за општи и заеднички работи-

Сектор за набавки, менаџмент и логистика

(Одделение за јавни набавки и примена на стандарди – 5 студенти

и

Одделение за менаџирање со договори- 3 студенти)

 

Почитувани студенти,

 

Економскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ЕФ Скопје, УКИМ) во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија објавува ПОВИК за АНГАЖИРАЊЕ НА СТУДЕНТИ ОД ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ, УКИМ и тоа:

 

1. Во Одделение за јавни набавки и примена на стандарди – 5 (пет) студенти

кои се во последна година на студии на некој од департманите на Економскиот факултет-Скопје, и

 

2. Во Одделение за менаџирање со договори- 3 (тројца) студенти од било која година на студии.

 

ВАЖНО: Избраните студенти ќе бидат ангажирани со полно работно време, со договор за волонтирање во период од три месеци со можност за вработување по завршување на периодот на волонтирање.

 

Сите заинтересирани студенти со цел да се пријават на овој повик треба да испратат свои податоци и тоа:

1. Име и презиме, Департман, Година на студии, Просек:

   (пр.Бојан Давидов, Надворешна трговија, III )

 

2. Куса биографија (CV) на македонски јазик

 

3. Писмо на мотивација (на македонски јазик) во кое ќе назначат за во кое одделение се пријавуваат.

 

Податоците треба да се достават на marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk со назнака ПРИЈАВА НА ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ СТУДЕНТИ ВО МВР.

 

Повикот е отворен до 23.11.2020  (заклучно со 23.11.2020 , понеделник, 12.00 часот).

 

Економскиот факултет-Скопје, УКИМ преку својот Центар за кариера само посредува во споделување на овој ПОВИК.

 

Во очекување на Вашите пријави.

 

Со почит,

Центар за кариера

Економски факултет-Скопје, УКИМ

 

 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.