Прв циклус – Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител

Врз основа на член 4 од Одлуката за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2023/2024 година (бр. 02-670/6 од 20.06.2023 г.), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС

за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2023/2024 година

 

  1. Со овој Конкурс се врши избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2023/2024 година

 

  1. Право на учество на Огласот има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус на студии во учебната 2023/2024 година, а кој има само еден родител со родителско право (во натамошниот текст – апликант), односно има:
    • само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените, или;
    • починат родител, или
    • родител кој го загубил родителското право.

За спроведување на постапката за пријавување на апликантите по овој Оглас, кандидатите најпво пополнуваат ПРИЈАВА на Интерниот оглас:

https://forms.office.com/e/FKeXABPgEZ – ново запишаните студенти (бруцоши)

https://forms.office.com/e/bvbBZTVzNq  – сите активни студенти

  1. Апликантите, од 22.09 до 6.10.2023 година до Комисијата на Економски факултет – Скопје, на следната електронска адреса prijava@eccf.ukim.edu.mk  треба да достават пријава во која ќе наведат:
    • За бруцошите – вкупен број на поени, според кои студентот се запишал во прва година
    • За студентите од повисоките години – просечен успех од положените испити

Со пријавата на официјалната маил адреса, апликантите, во pdf – формат, ги доставуваат и следниве       документи:

  • потврди за остварени приходи на вработените членови на семејството за последната исплатена плата
  • за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи
  • за пензионираните членови на семејството се доставувадокумент за висина на пензија
  • пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за  кандидат и истата се смета како месечен приход
  • за родител на кој му е одземено родителското право – решениеод надлежен суд и/или
  • за починат родител – извод од матичната книга на умрените.
  1. Во постапката за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител Економски факултет – Скопје ќе изврши евалуација и проверка на веродостојноста на поднесената документација од сите пријавени кандидати (согласно чл. 5 од Одлуката). Комисијата самостојно ги пресметува поените и креира ранг – листа за секоја студиска програма и за секоја студиска година пооделно. Ранг – листите се објавуваат на интернет страницата на Економскиот факултет најдоцна до 13.10.2023 година.
  1. Апликантите имаат право на приговор по објавените ранг – листи најдоцна до 13.10.2023 година. Комисијата на Економскиот факултет ќе ги разгледа и ќе одговори на приговорите во рок од 5 работни дена. Доколку се утврди дека некој апликант поднел документација која не е веродостојна, истиот се симнува од ранг-листата. Прворангираните кандидати од секоја листа ја сочинуваат Конечната ранг-листа на добитници на погодноста за намалување на уписнината на Економскиот факултет.
  1. Конечната ранг-листа Комисијата ја објавува најдоцна до 27.10.2023 година.

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ СКОПЈЕ

          Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.