Конечни ранг листи на примени кандидати и информации за упис

Прв циклус студии – Економски факултет, Скопје

Конечни ранг листи по студиска програма Проверете дали сте примени и на која студиска програма (PDF) Известување за упис на дополнилтено рангирани студенти (PDF) Дополнителни ранг листи по студиска програма Уписот на кандидатите од дополнителните листи ќе се изврши на 09.09.2026 од 08-15ч. во Предавална 2 (PDF)

Почитувани бруцоши,

Искрено Ви честитаме на постигнатиот успех и приемот на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј". Со вашиот труд и резултати го заслуживте местото меѓу студентите на најдобриот факултет – лидер во високото образование во државата!

Ве очекува возбудливо академско патување исполнето со нови знаења, искуства и пријателства, можности за вклучување во проекти, како и поддршка од професори и служби кои секогаш се на располагање за Вас.

Ве охрабруваме да бидете активни, љубопитни и упорни – бидејќи токму тоа е патот кон успехот!

Потребни документи за упис

  • Индекс – достапен во книжарниците во кампусот. Треба да биде пополнет со личните податоци и задолжителните и изборните предмети од првиот семестар (листа на предмети).
  • Три фотографии – две фотографии со димензии 3,5×4,5 см и една со димензии 2×3 см.
  • Договор за студирање – достапен на факултетот.
Статистички образец ВОИ 20

Сите примени кандидати треба да се регистрираат и да креираат личен профил на ниско ниво (анонимно) на Националниот портал за е-услуги – со клик на копчето или со скенирање на QR-кодот. По пополнување на образецот ВОИ 20 ќе добиете Генериран образец и Потврда за успешно доставен образец со електронски печат на ДЗС – се доставуваат на денот на уписот (во полето за број на индекс напишете „бруцош").

Отвори го порталот за е-услуги

Потврди за извршени уплати (кликнете за да го погледнете соодветниот ПП 50 образец):

Ви благодариме на довербата! Ваш Економски факултет!

За подетални прашања обратете се во Одделението за студентски прашања на Економскиот факултет – Скопје.

Документ

Се вчитува документот…